Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Понижувачко повлекување или нуклеарна војна

0
By Zoran Ivanov on March 31, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 31, 2025 15:48

Ако почне да губи во војна во која се користи конвенционално оружје, Русија ќе употреби нуклеарно оружје во Украина. Тогаш, Америка или ќе бега или ќе влезе во војна со Русија. Ако влезе во војна, тоа ќе биде крај на човештвото, крај во кој, како што ќе изјави Никита Хрушчов после Кубанската криза, „Живите ќе им завидуваат на мртвите“.

Денко Малески

Следете ја полемиката од пред некој ден помеѓу Џон Мершајмер, истакнат американски научник од областа на меѓународната политика и Карл Билд, некогашен премиер и министер за надворешни работи на Шведска, и работите ќе ви станат појасни.

Мершајмер: „Не сакам да ти ставам зборови во уста ама суштината на она што сакаш да кажеш е дека постои сериозен ризик од нуклеарна војна во Украина, но ти си подготвен да живееш со таквиот ризик“.

Билд:„Јас не би го употребил зборот нуклеарна војна, зашто нуклеарна војна е кога двете страни употребуваат нуклеарно оружје. Мислам дека… ако (Путин) испрати нуклеарен проектил (врз Украина), Американсците нема да одговорат со нуклеарна бомба врз Русија. Значи, нема да имаме нуклеарна војна. Ќе следи одговор, но тој нема да биде нуклеарен“

Мершајмер: „Каков ќе биде одговорот?…Многу луѓе веруваат дека ако Русите употребат нуклеарни бомби во Украина,…тогаш (Америка) нема да одговори со нуклеарно оружје (врз Русија)“.

Билд: „Значи, не е нуклеарна војна“.

Мершајмер:„Но, многу луѓе мислат дека ќе одговориме со конвенционално оружје против руските сили. Тогаш имате војна момеѓу големи сили, Соединетите Држави против Русија.Ејприл Хејнс, која е директорка на Националната известителна служба кажа во воениот комитет на Сенатот, пролетта оваа година, дека најверојатното сценарио е Путин да употреби нуклеарно оружје. Зашто, ако Русите не можат да ги победат Украинците на бојното поле можете да замислите што ќе се случи кога ќе се соочат со Годзила,познат како Соединетите Држави и нивните сојузници…“.

Билд:„ Тоа е сигнализирање кое се нарекува одвраќање:.. Американците ставаат јасно до знаење, и со право, дека ако (Путин) посегне по нуклеарно оружје ќе има реакција ( things will happen). Зашто ако Американците кажат … „нам не ни е гајле“ и „ние ќе се повлечеме“, тогаш тоа ќе биде крај на овој конфликт.Но, Путин ќе победи и ќе продолжи.Затоа не смее да се попушти пред нуклеарна уцена.Мислам дека ако употреби нуклеарно оружје, светот ќе се сврти против него уште поодлучно…Мислам и дека може да падне и режимот во Москва“.

Мершајмер: „Да, ама откога го употребил (нуклеарното оружје)“.

Билд: „Па…“.

Мој коментар. „ Бранејќи ги своите витални интереси, нуклеарните сили мораат,над се, да избегнат конфронтации кои го принудуваат противникот на избор помеѓу понижувачко повлекување или нуклеарна војна“, ќе запише американскиот претседател Џон Кенеди во својата „Стратегија за мир“, како одговор на Кубанската криза. Умни зборови. За жал, на чекор сме Русија и Америка да се најдат во оваа ситуација денес: последица на руската агресија врз Украина и американската непромислена политика за ширење на НАТО во Украина. И додека Трамп се обидува да се извлече од стапицата „понижувачко повлекување или нуклеарна војна“, европските политичари инсистираат војната да продолжи до победа. Но, ако почне да губи во војна во која се користи конвенционално оружје, Русија ќе употреби нуклеарно оружје во Украина. Тогаш, Америка или ќе бега или ќе влезе во војна со Русија. Ако влезе во војна, тоа ќе биде крај на човештвото, крај во кој, како што ќе изјави Никита Хрушчов после Кубанската криза, „Живите ќе им завидуваат на мртвите“. И на крајот: кој блефира со нуклеарна војна а кој ја кажува вистината? Не треба никогаш да дознаеме.

Текстот е сопственост на Либертас.мк

војна Денко Малески нуклеарна Русија САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.