Author: Zoran Ivanov
Јована Тренчевска: Не лажате дека денешните измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување се за новите 2.500 денари линеарно покачување на пензиите, кое почнува од денеска. Немојте да им верувате. Уште летото тие беа изгласани. Како септемвриското, така и мартовското покачување. Нема пари за сите покачувања па го смислија ова. Плус, се менува друг член само за да се упростат критериумите за избор на директор на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување затоа што кадрите од коалицијата не исполнуваат услови па кандидатот ќе треба да се бара надвор од партиите. Извор: Собрание на РСМ
Големо мнозинство од западните Европејци поддржуваат одмазднички тарифи против САД доколку американскиот претседател Доналд Трамп воведе огромни увозни давачки за главните трговски партнери, покажува ново истражување, а пренесува Гардијан.
Горан Волканоски: Државата ја изградил некој уште од поодамна. На нас(граѓаните) беше само да бидеме одговорни во минативе 35 години и да не дозволиме да се руши тоа што се изгради. За жал не покажавме дека сме одговорни. Со својата пасивност и заслепеност од илузиите кои ни беа сервирани, дозволивме ретроградни процеси кои го загрозуваат опстојувањето на државата. Било која иницијатива за граѓанска акција доколку не е поведена од овие сознанија и мотиви за реакција, нема да има успех. Ќе биде само маша на нечии интереси… Од Фејсбук ѕидот на авторот
Актерот Димитрија Доксевски на свечено Собрание на Друштвото на филмски работници – ДФРМ е избран за нов директор на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.
Британски, француски и украински високи воени претставници ќе одржат состанок во наредните денови за да дадат „реален импулс“ на напорите за јакнење на безбедноста на Украина, изјави портпаролот на британскиот премиер Кир Стармер.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги предупреди локалните добавувачи на амбасадите и конзулатите на САД во странство, како и добитниците на американски грантови, дека мора да ја почитуваат забраната за програми за промовирање на разновидноста, еднаквоста и инклузијата, во спротивно ризикуваат да ги изгубат средствата што им се исплаќаат.
Студенти од Универзитетот во Нови Сад најавија дека тргнуваат на велосипеди до Стразбур за да го свртат вниманието на меѓународната јавност кон недоволната реакција од надлежните институции во Србија, кои, според студентите, се обврзани да дејствуваат по сите немили настани што се случиле во државата од 1-ви ноември,лани, јави дописникот на МИА од Белград. Бројот на учесници ќе биде меѓу 50 и 80 студенти.
Припадникот на МВР кој вчера, како што денеска извести министерството, бил уапсен на паркинг пред хотел во Велес со ранец полн со службени материјали кои имал намера да му ги предаде на возач на „БМВ“, кој исто така е уапсен, е Ангел Самараков, член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, потврди за порталот „Скопје1“ владината портпаролка Марија Митева.
Претседателот на босанско-херцеговскиот ентитет Република Српска, Милорад Додик, кој се бара во неговата земја поради издржување на пресудената казна затвор од една година за непочитување на одлуките на високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Кристијан Шмит, вечерва на „Икс“ објави дека пристигнал во Москва.
Агим Јонуз: Пред сè, почитувањето на „минута молчење“ не е само израз на сочувство и жал. Тоа е истовремено и јавна свест, јавно елементарно почитување. Ваквите моменти, пред сè, покажуваат и ЕЛЕМЕНТАРНО ВОСПИТУВАЊЕ на еден човек, кој во поголема бројка претставува група. Кога еден невоспитан е меѓу „сродни души“ (невоспитани) во поголема група, тогаш тоа ниво на невоспитаност од „лично и приватно“ преминува во ЈАВНО НЕВОСПИТАНИЕ! Нема тука врска политика. НЕВОСПИТУВАЊЕ… НЕВОСПИТУВАЊЕ… НЕВОСПИТУВАЊЕ!!! Од Фејсбук ѕидот на авторот
Кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски го демантираше извештајот на британски „Економист“ дека Зеленски се подготвува да се кандидира за втор мандат на претседателските избори во јули.















