Author: Zoran Ivanov
Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои 2.075.868 граѓани ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2.533 гласачки места.
Венко Филипче: Ценовните шокови ова што сега се случува е тотална негрижа за граѓаните. Цените растат а Владата ништо не прави да ги сконтролира. Да го искористам омилениот израз на владините преставници, историски најбрзо носење до просјачки стап. Тоа е страшно осиромашување на граѓаните. Нашите анализи и анкети покажуваат дека 45% од граѓаните значи секој втор има помалку пари отколку што имал минатата година ова време. Ние укажуваме на тоа ,но Владата не се грижи. Некако ја пуштија работата да се менаџира самата со себе. Од Владата велат нека се договорат работодавачите и работниците. Исто како што ги оставија сами маркетите…
Гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом потпишал закони врз основа на кои се издвоени 50 милиони долари за да се заштити оваа американска држава и мигрантите на кои им се заканува депортација поради политиката на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, јавуваат американските медиуми. Врз основа на еден од тие закони, 25 милиони долари беа издвоени за Министерството за правда на Калифорнија за да се справи со правните постапки против федералната влада, додека друг издвои уште 25 милиони долари за правна помош за мигрантите кои се соочуваат со депортација, објави Си-Ен-Ен. На жителите на Калифорнија им се заканува администрација надвор од…
Што остана од мене? Немав ниту раце за пишување, ниту нозе за трчање низ полињата на иновациите.
Ова ни е последна шанса. Демократијата нема да го преживее враќањето на некој кој сака да биде диктатор И нема да го надмине злото ако сме поделени. Роберт де Ниро Поминав многу време проучувајќи лоши мажи. Ги испитував нивните карактеристики, нивните маниризми, крајната баналност на нивната суровост. Сепак, има нешто различно кај Доналд Трамп. Кога ќе го погледнам, не гледам лош човек. Навистина. Гледам злобен. Со текот на годините, се сретнав со гангстери тука и таму. Овој човек се обидува да биде еден, но не може да го изведе тоа. Постои такво нешто како „чест меѓу крадците“. Да, дури и…
Дарко Аврамовски: Интерпелацијата е прашање кое што го покренуваат пратениците, а не членови на извршната власт. Интерпелацијата не значи дека по автоматизам престанува мандатот на функционерите избрани од Собранието. Би било многу подобро доколку видевме конкретен план како би се избрале новите членови на Судскиот совет, за барем да бидеме уверени дека имаме некаков план за во иднина да може да даде некои одржливи резултати. Вака извршната прави упад во судската власт. Линк
Американски сојузен судија денеска ја блокира новата Комисија за ефикасност на владата (DOGE), предводена од милијардерот Илон Маск, да има контрола врз системот за плаќање на Министерството за финансии.
Повеќе од 200.000 луѓе учествуваа во денешниот протест во Минхен против екстремната десница, соопшти германската полиција.
Мокрин: Мала автомобилска незгода се случила на службениот автомобил на српскиот претседател Александар Вучиќ додека тој се движел кон српскоот град Мокрин, пренесуваат српските медиуми. Била избегната несреќа, причината за инцидентот засега е непозната или не се соопштува. На митинг во Кикинда Вучиќ изјавил дека на автомобилот му пукнала гума.
Јанаки Митровски: Како човек кој до пред две години редовно консумирал канабис, кој се залага за негова легализација и кој застапувал стотици обвинети за канабис никогаш не сум сретнал некој да се лечи од канабис во Бигорски. Канабис е лесна супстанца, на Листа IV од забранети (најлесна) и не знам кој ги советува родителиве но не им прави услуга. Во Бигорски се знае што се лечи!
Уште еден „црн петок“ за маркетите во Северна Македонија. Поради бојкотот поттикнат преку социјалните мрежи, вчера, јави УЈП, прометот е помал за 22.12 % од неделниот просек.
Џафери фрли „бомба“. Како (не) реагираше јавноста и што (не) одговори Министерството за одбрана?Ваквото игнорирање на темата е крајно симптоматично. Дали се работи за неразбирање на тежината на податоците што ги изнесе Џафери или, не дао бог, постои некакво нареѓење …














