Author: Zoran Ivanov
Централната изборна комисија на Косово соопшти дека одѕивот на гласачите на денешните парламентрани избори до 11 часот бил 8,68 проценти. Тоа е нешто повеќе отколку на претходните вонредни избори во 2021 година, кога до 11 часот гласале 8,30 отсто од избирачите.
На крстосницата пред Зоолошката градина во Скопје се собраа граѓани на протест за да испратат порака дека безбедноста е на многу ниско ниво и дека тоа мора да се промени.
Газа: Израелската војска се повлече од коридорот Нецарим, што минува низ Појасот Газа, како дел од Догворот за прекин на огнот, соопшти Хамас.
Кијив / Москва: Украинската армија соопшти дека соборила 70 од вкупно 151 дрон истрелани од Русија врз Украина. Додека 74 руски беспилотни летала не ја постигнале целта.
Општо е убедувањето дека, доколку не ги освои потребните гласови за сама, или барем заедно со пратениците на немнозинските етнички заедници, да може да формира влада, ниту една од досега опозициските партии нема да прифати коалиција со партијата на Курти. Ова, од причина што и во изминатите четири години Курти и неговите соработници не престанаа со грубите напади и навреди кон сите кои во некој поглед не се согласуваат со него.
Бранко Тричковски: Можеме да бидеме туристичка дестинација во која луѓето би доаѓале да гледаат како будалите ги бранат националните интереси. Како нивниот премиер пелтечи десет зборови мешајќи им го редоследот во пет варијанти, седум години. Тој се однесува како политичка кретенчуга од највисок ранг. Нивната претседателка е како принцеза извадена од театарот за деца во време кога театарот немал доволно пари да ја увежба и дотера попристојно за детската публика. Можеме и да го тужиме Трамп затоа што вмро прв ја лансира паролата за „Мејк Македонија грејт агеин“! Трамп може да види колку мала, безначајна, а можеби и исчезната ќе биде…
Студентите од Србија денеска ги повикаа граѓаните да се соберат на улиците низ сите градови за да ги поддржат нивните барања на стотиот ден од падот на настрешницата во Нови Сад при што загинаа 15 луѓе.
Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори. Граѓаните гласаат за нов состав на Собранието, додека политичките партии водат тесна изборна битка.
Сите избирачки места се отворени утринава во седум часот. Најмногу гласачи со српска националност се запишани во Северна Митровица и тоа 18.781, а гласаат во шест избирачки центри со 24 избирачки места.
Во Косово ќе се избира нов парламент. Додека во насловите доминира конфликтот со Србија, особено помладите Косовци имаат други грижи. Сѐ поголем број од нив си ги пакува куферите. Вјоса Ќеркини Косовскиот главен град Приштина деновиве оддава впечаток на голема, шарена градина со слики. На уличните светилки и на ѕидовите има плакати со насмеани лица на политичари кои со впечатливи пароли сакаат да останат во главите на минувачите за да ги изберат токму нивните имиња и партии на гласачките ливчиња. В недела (9.02.2025) во Косово, најмладата држава во Европа со просечно најмладо население, ќе се одржат редовните парламентарни избори. Се работи за избори во…
Претседателот на САД, Доналд Трамп во интервју за „Њујорк пост“ изјави дека телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за завршување на војната во Украина, објави „Њујорк пост“.














