Author: Zoran Ivanov

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, пред американски суд во Саипан  се изјасни за виновен за прекршување на Законот за шпионажа на САД, во спогодба со американскиот правосуден систем со која заврши долгата правна битка и ја напушти судницата како слободен човек и може да се врати во родната Австралија по години во егзил. Судијката Рамона Манглона ја одобри спогодбата со обвинителите, ставајќи крај на 14-годишната сага. Во согласност со спогодбата, таа го осуди на затворска казна, која тој веќе ја одлежа. Тој помина пет години во затвор во Обединетото Кралство. По читањето на пресудата, обвинителството веднаш го повлече барањето за…

Read More
Џабир Дерала

Германската Фондација Југоисточна Европа почна со подготовките на церемонијата за доделување на годишната награда за новинари за 2024 година, чиј добитник е нашиот колега Џабир Дерала. „Со задоволство го објавуваме победникот на нашата Награда #Солидарност за #новинари од Југоисточна Европа за 2024 година, Џабир Дерала од ЦИВИЛ. Честитки“ – се вели во објавата на социјалните мрежи. Церемонијата за доделување на наградата ќе се одржи во германскиот парламент на 4 јули во присуство на претставници од парламентот, владата, медиумите и граѓанското општество. Наградата за солидарност ги истакнува и ги пофалува извонредните придонеси на Дерала кон унапредување на демократијата, поддржување на правото…

Read More

Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот. Најчесто се обидува да го корумпира индиректно, а главно му бара пари, процент од тендери, нечие вработување или унапредување, донација за политичка партија, подароци или услуги. Повеќето компании тоа не го пријавуваат, дел сметаат дека ќе пропаднат, а дел не веруваат дека ќе има каков било ефект. Ова го покажува анкетата што ја спроведе Стопанската комора во март годинава, а се однесува на 2023 година. Според податоците, на пет компании им биле побарани преку 100 000 евра, а на другите од кои исто така се барале пари, 1 000 – 10 000 евра.…

Read More

Скопје: Со 84 гласа ЗА, и ниту еден против и воздржан, Собранието го донесе Законот за дополнување на Законот за енергетика што го најави ВМРО-ДПМНЕ, за да се спречи зголемување на цената на струјата. Пратениците на СДСМ претходно најавија дека ќе го поддржат законот посочувајќи дека тој е продолжение на добрите политики на минатата влада. Од Левица реагираа за овој Закон, но на крајот немаше гласови против. Претседателот на Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика, Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ, кој е и еден од предлагачите на законското решение, посочи дека измените се многу суштински, но се прилично едноставни,…

Read More

Двајца клучни советници на Доналд Трамп претставиле план за ставање крај на руската војна во Украина – доколку победи на претседателските избори – во кој има намера да и каже на Украина дека ќе добие повеќе американско оружје само ако почне мировни преговори, јавија американски медиуми.

Read More

Од наша страна ние им честитавме на премиерот Христијан Мицкоски и на министрите по формирањето на новата коалициска Влада и Европската Унија ќе соработува со неа во остварувањето напредок во суштинските реформи со цел земјата да напредува на европскиот пат, изјави портпаролката на Европската комисија за соседска политика, проширување и меѓународни партнерства Ана Писонеро. ЕУ ќе соработува со Владата на Мицкоски за напредок во реформите, но таа мора да ги спроведе и обврските, рече Писонеро. -Мислам дека пораката е многу јасна, Северна Македонија мора да го искористи моментумот кој постои за проширувањето со цел да продолжи решително на нејзиниот ЕУ…

Read More

Лондон: Викиликс соопшти дека неговиот основач Џулијан Асанж го напуштил британскиот затвор и полетал од Обединетото Кралство откако американските обвинители рекоа дека тој треба да се изјасни за виновен оваа недела за кршење на американските закони за шпионажа, во договор што може да му овозможи да се врати дома во Австралија. Асанж, чија сага трае речиси 15 години, се согласи да се изјасни за виновен пред американското правосудство за да биде ослободен по пет години минати во британски затвор во очекување на екстрадиција во САД. Се очекува утре тој да се појави пред американскиот федерален суд на Маријанските острови. Потоа…

Read More

Џелал Незири Христијан Мицковски е 13-ти премиер на 20-та Влада на државата. Прв беше Никола Кљусев, а потоа Бранко Црвенковски со два мандата и Лубчо Георгиевски со еден мандат. По него, во 2002 година, Црвенковски повторно се враќа на власт, започнувајќи го третиот мандат, за да му отстапи место на Хари Косотви во средината, па следува Радмила Шекеринска за на крајот мандатот да заврши со Владо Бучковски. Во 2006 година на власт дојде ВМРО-ДПМНЕ со Никола Груевски на чело, кој ја водеше владата во три мандати. Во 2014 година технички премиер е Емил Димитриев, а потоа кормилото го презема Зоран…

Read More

Доколку има политичка волја и вистинско читање на нештата, промена на преговарачката рамка со ЕУ е можна, рече вечерва претседателот на Владата, Христијан Мицкоски. Во гостување на Телевизија 24, Мицкоски вели дека потребни ќе бидат гаранции дека нема да има дополнителни билатерални услови од Софија со посредништво на Европската унија. Патот по кој се одеше досега не поминува кај народот. Направена е грешка и треба да се бара решение. Подготвени сме да седнеме и да најдеме решение со новата влада во Бугарија. Да разговараме за се, за можните ризиици… Неприфатрливи се изјавите дека уште ова треба да го направите и…

Read More

Одржувањето односи со рускиот претседател Владимир Путин е некомпатибилно со заедничката европска иднина, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел на прес-конференција по состанокот на европските министри за надворешни работи во Луксембург. Тој оваа забелешка ја даде по генералниот состанок со претставниците на земјите од Западен Балкан, кои очекуваат влез во Европската унија. Борел додаде дека ЕУ е подготвена да ја прошири својата поддршка во регионот и очекува овие земји да ги следат европските одлуки во областа на одбраната и надворешната политика, во однос на Украина и санкциите против Русија. Во одговор на прашање,…

Read More