Author: Zoran Ivanov

Порталб.мк спроведе  анкета во врска со проблемот со сексуалното вознемирување на Универзитетот во Тетово, Универзитетот Мајка Тереза ​​и Универзитетот на Југоисточна Европа во Северна Македонија. Од 122 лица кои одговориле на анкетата, 24 изјавиле дека доживеале сексуално вознемирување. Студентите не ги пријавуваат овие случаи, бидејќи се плашат и не веруваат дека нивниот случај ќе има позитивен епилог. Од универзитетите велат дека не примиле пријави за вакви случаи. Нема пријави ниту во полицијата. Од граѓанските асоцијации велат дека овој проблем останува „јавна тајна“ и дека од учениците се бараат сексуални услуги за оценки. „Професорот ми пишуваше доцна во ноќта“ Порталб.мк интервјуираше една студентка која пред…

Read More

Пропорционалниот изборен модел за Евроизборите во Германија без цензус за учество во распределбата на 96-те мандати, овозможува места во Европскиот парламент да обезбедат и повеќе помали германски партии, кои немаат свои пратеници во Федералниот или покраинските парламенти во земјата. Така на последните Евроизбори осум германски партии кои освоија меѓу 0,6 и 2,7 отсто од гласовите обезбедија вкупно 15 пратенички места, што е повеќе од бројот на европратеници што ги даваат една третина од членките на ЕУ, како балтичките држави, Ирска, Кипар, Луксембург, Малта, Словенија и Хрватска. Меѓу овие партии се Левицата (ДЛ), либерално-конзервативната Слободни гласачи (ФВ) и социјал-либералната Волт, кои…

Read More

Во Собранието денеска продолжи седницата за избор на новата влада, предложена од мандатарот Христијан Мицкоски. Гласањето ќе следи по завршување на претресот, најдоцна пред полноќ. Владата ќе биде избрана ако за неа гласа мнозинството од вкупниот број пратеници. Седницата почна вчера со експозе на Мицкоскикој ги образложи програмата и предлогот за состав на владата. Најави враќање на довербата во институциите, бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот, економско заживување, намалување на даноците, зголемување на пензиите и платите, градење добри односи со соседите, негување на меѓуетничките односи и посветеност на европските интеграции. На опозицијата и порача дека има подадена рака и дека…

Read More

Бранко Тричковски Јас сум срреќен што вмро го прифати Преспанскиот договор, еве сега гледаме дека ја прифаќаат и преговарачката рамка, го прифаќаат и Охридскиот рамковен договор, прифаќаат дека не живееме под ропство на Албанците, дека БРИКС не е алтернатива на Европската унија како што тврдеа до вчера, дека не е убаво да си седиме изолирани и да си правиме реформи во произодството на урда итн… Но, сакам да прашам какви се правните основи да ги тужам за измама од грандиозни размери поради која во нивните блокади со тотално спротивни тези загубив две години од животот, се разболев од уплав за…

Read More

Република Северна Македонија од својата независност во 1991 имала вкупно 12 премиери и 19 влади, меѓу кои еден претседател на преодна влада и тројца претседатели на техничка влада. Некои од премиерите се задржаа и по неколку мандати на функцијата, а некои имаа краток век на траење. Мандатарот за формирање на новиот владин состав и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе биде 13. премиер, а владата формирана од Коалицијата „Твоја Македонија“, Коалицијата „Вреди“ и Движење ЗНАМ – За наша Македонија, ќе биде 20. влада од осамостојувањето на државата. Новата Влада што ја предложи Мицкоски ќе брои 24 члена. Покрај премиерот, ќе…

Read More

Фатиме Фазљији Република Северна Македонија од својата независност во 1991 имала вкупно 12 премиери и 19 влади, меѓу кои еден претседател на преодна влада и тројца претседатели на техничка влада. Некои од премиерите се задржаа и по неколку мандати на функцијата, а некои имаа краток век на траење. Мандатарот за формирање на новиот владин состав и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ќе биде 13. премиер, а владата формирана од Коалицијата „Твоја Македонија“, Коалицијата „Вреди“ и Движење ЗНАМ – За наша Македонија, ќе биде 20. влада од осамостојувањето на државата. Новата Влада што ја предложи Мицкоски ќе брои 24 члена. Покрај…

Read More

Најмалку 25 лица загинаа синоќа, а 50 се ранети во израелското гранатирање на шатори за раселените Палестинци северно од градот Рафа, соопшти Министерството за здравство на Газа и вработените во Итната помош. Тоа е најновиот смртоносен напад врз малата палестинска енклава каде стотици илјади луѓе ги напуштија своите домови по конфликтот меѓу Израел и Хамас. Портпаролот на цивилната одбрана во Рафа, Ахмед Радван рече дека очевидци им кажале на спасувачите за гранатирање на две локации во крајбрежна област полна со шатори, а Министерството за здравство соопшти дека многу луѓе биле убиени и ранети во нападите. Нападите се случија во непосредна…

Read More

Под мотото „Спектакуларно непослушни!“ вечерва во Скопје се одржува 5-та парада на гордоста. Учесниците најпрво се собраа во паркот „Жена-борец“, а потоа, по поздравните говори, го почнаа протестниот марш низ градските улици кој заврши на стадионот на АРМ во Градскиот парк. И овојпат беше испратена пораката дека протестот е всушност барање, до институциите – да ги штитат човековите права и слободи на сите граѓани и да гарантираат безбеден живот, еднакви можности, недискриминација и социјално вклучување за секого, без разлика на сексуалната ориентација или родовиот идентитет, до Владата – да обезбеди образовен систем, курикулуми и програми кои ќе ги градат светогледите…

Read More

Неапол: Италијанскиот остров Капри денеска го забрани пристигнувањето на туристи поради недостиг на вода предизвикан од проблеми со снабдувањето од копното. Градоначалникот Паоло Фолко ја прогласи забраната во седум часот наутро поради што неколку фериботи веќе на пат кон островот мораа да се вратат назад. Тој предупреди на вонредна ситуација велејќи дека иако во петокот имало малку вода на островот, акумулациите се празни. Компанијата задолжена за снабдување на островот со вода објави дека има технички потешкотии, а жителите на тој остров во близина на Неапол имаат право на 25 литри вода за пиење по домаќинство. Капри, островот познат по своите…

Read More