Author: Zoran Ivanov
Вашингтон: Северна Македонија не ги исполнува целосно минималните стандарди за елиминација на трговијата со луѓе, но прави значителни напори да го стори тоа. Владата покажа севкупни зголемени напори во споредба со претходниот период на известување и затоа Северна Македонија остана на ниво 2, стои во извештајот за трговијата со луѓе што денеска го објави американскиот Стејт департмент, пренесува Гласот на Америка на македонски јазик. Официјални лица и набљудувачи продолжуваат да пријавуваат дека полициските службеници кои се ниско рангирани може да бидат соучесници во трговијата со луѓе, вклучително и криење докази, примање мито, менување на патролните рути во корист на сторителите,…
Мирче Јовановски Станува збор за одржлив инфраструктурен фонд со седиште во Луксембург и фокусиран на проекти за обновливи извори на енергија, со советодавен тим со седиште во ОАЕ „Алказар енерџи“, одржлив инфраструктурен фонд со седиште во Луксембург и фокусиран на проекти за обновливи извори на енергија во обем на комунални услуги на пазарите во развој, со советодавен тим со седиште во Обединетите Арапски Емирати, е инвеститорот што ќе го гради ветерниот парк во Македонија, инвестиција која бомбастично ја најави уште во предизборната кампања штотуку избраниот премиер Христијан Мицкоски. За утре во Скопје е најавена и прес конференција на која ќе…
Јавноста сведочеше, медиумите запишаа: „Мицкоски попушти, даде заклетва со уставното име“. Сето друго што беше кажано во неговите настапи во Собранието на седницата на која беше избрана нивата влада, како „срамната придавка“, „срамот“, „моето семејство и моите неродени внуци и на тие по нив“, „додека сум жив“, „неправда“, „капитулација“… Сето тоа е само политички маркетинг за да си го одржува рејтингот меѓу неговите гласачи. Зоран БОЈАРОВСКИ Како што најавуваме, Мицкоски брзо научи една лекција од реална политикa – компромисот. Благодарение на таа лекција ставот „мое човеково право да ја нарекувам државата Македонија“, се претвори во компромисот, односно во единствената…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими премиерот Христијан Мицкоски и членовите на новоизбраната Влада, при што упати честитки за нивниот избор, посакувајќи им успешна работа во исполнувањето на стратешките цели на државата, економски напредок и подобрување на животниот стандард на граѓаните, соопшти нејзиниот кабинет. Претседателката изрази очекување од новиот владин состав совесно, чесно и одговорно да ја реализира поставената програма за работа, во согласност со македонските национални интереси и интересите на граѓаните. Новата Влада што ја предводи Мицкоски беше избрана синоќа во Собранието со 77 гласа „за“ и 22 гласа „против“. Владината коалиција ја сочинуваат ВМРО-ДПМНЕ, партиите од коалицијата…
Мека: Бројот на починати за време на овогодинешниот аџилак во Мека се зголеми на 1.301, изјави министерот за здравство на Саудиска Арабија Фахад Ал Џалаџел. Министерот, чии зборови ги пренесе државната телевизија, рече дека причината за смртта е пешачење на долги растојанија под директна сончева светлина без соодветна заштита, а меѓу загинатите има многу стари лица и оние кои боледуваат од хронични болести. Околу 83 отсто од смртните случаи се оние на кои не им било одобрено за аџилак, рече саудискиот министер.
Европскиот комесар за проширување и соседска политика Оливер Вархеји упати честитка до премиерот Христијан Мицкоски и Владата по повод нивниот избор. Честитки до премиерот Мицкоски и членовите на новата Влада! Со нетрпение очекувам да работиме брзо со Вас за да го унапредиме европскиот пат на Северна Македонија, наведе Вархеји во честитка објавена на Икс.
По дводневна дебата Собранието на Републоика Северна Македонија со 77 гласови „за“, 22 гласови „против“ и без воздржани ја изгласа новата Влада на Републиока Севенна Македонија на чело со новиот премиер на Република Северна Македсонија Христијан Мицкоски. Тој е 13-ти премиер, а ова е 20-та влада од осамостојувањето на Македонија. Во Владата ќе има 23 министри, а од нив пет ќе бидат и вицепремиери. Мицкоски во заклетвата го користеше уставното име Република Северна Македонија, претходно појаснувајќи дека придавката Северна за него е срамна, но во моментов е немоќен. Ќе ја кажам срамната придавка пред заклетвата затоа што тоа мене лично…
Новата власт во Северна Македонија се доведе во тешка позиција и треба да излезе од неа. Употребата на уставното име само во писмена форма, но не и во усна, ќе предизвика континуирани проблеми и конфузија. Што ќе се случи ако треба да напишат една изјава употребувајќи „Северна Македонија“ и во продолжение да треба да ја прочитаат на глас? Ова политика не е одржлива долгорочно и нема да им дозволи да ја играат соодветната улога во светската заедница, вели медијаторот Метју Нимиц за „Катимерини. Во интервјуто што е под наслов „Сите да размислат што добија од Преспа“, специјалниот претставник на ОН…
Бројот на загинатите по нападот на вооружените сили на Украина врз Севастопол се искачи на три, а меѓу жртвите има и две деца, соопшти денеска гувернерот на Крим, Михаило Развозаев. Бројот на ранети се искачи на речиси 100 лица. Мобилизиран е целиот здравствен систем, ангажирани се лекари и медицински персонал. Оперативните сали се во функција. На жртвите им е укажана сета неопходна медицинска помош, напиша тој на Телеграм. Развозаев истакна дека нападот бил извршен со балистички проектили со касетна муниција.
Тито Петковски Народната мудрост, пред избори и по риболов најмногу се лаже,никогаш не губи на актуелност. Разликата е во тоа што,тој што лаже по риболовот дека фатил најголема риба, го билда само неговото лично его, на сметка на “несреќниот” рибар. Лажењето на избори има големи последици и по расположението на изневерените гласачи и по развојот на државата и општеството. По склучувањето на Преспанскиот договор,ВМРО ДОМНЕ започна кампања “Никогаш Северна, само Македонија”, што практично значеше непризнавање на Преспанскиот договор. Со тој слоган продолжија и за време на преди изборната кампања. Последиците по развојот на државата и општеството ќе ги видиме допрва.Но…













