Author: Zoran Ivanov
Александар Прокопиев: Општо познат културолошки факт е дека во смутните времиња се создаваат многу интересни автори, уметнички дела и движења. Стварноста во својата нападна гротескност и грубост како да предизвикува содржински и формални иновации. На пример, книжевните автори што ги љубам, меѓу кои Кафка, Томас Ман, Булгаков…, ги создавале своите ремек-дела токму во такви времиња. Линк
Хамас ја прифаќа резолуцијата за прекин на огнот на Советот за безбедност на Обединетите нации и е подготвен да преговара за деталите, изјави денеска функционерот на групата, Сами Абу Зухри, нагласувајќи дека на Вашингтон е да го принуди Израел да го почитува неговото спроведување. Хамас ја прифаќа резолуцијата за прекин на огнот, повлекувањето на израелските сили и размената на заложници за палестинските затвореници во Израел, рече Зухри. „Американската влада се соочува со вистински тест за исполнување на своите обврски во однос на притисокот врз окупаторот веднаш да ја прекине војната преку спроведување на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН“,…
Париз: Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека нема да поднесе оставка без разлика на исходот од претстојните парламентарни избори во Франција. Макрон, кој најави распишување парламентарни избори по тешкиот пораз на неговата партија „Препород“ на изборите за Европскиот парламент во Франција и победата на крајнодесничарската партија Национален собир, рече дека „не е Националниот собир тој што го пишува Уставот”. -Институциите се јасни, како и местото на претседателот без разлика на резултатот, рече Макрон за француски Фигаро. Францускиот претседател во неделата вечерта, веднаш по добивањето на првичните резултати од изборите за ЕП, го распушти францускиот Парламент и најави парламентарни избори за…
Никица Корубин: Партократска „полза“ од оваа промена, нема да има ДУИ, туку партиите во идната власт и затоа ним треба да им се адресира прашањето: дали за ВЛЕН и за ЗНАМ е прифатлив овој тип на промена во системски закон и кое е нивното образложение за поддршката? Белким не е само коалициски „пазар“ затоа што со сите критики што ги упатија во предизборната кампања треба самите да имаат силни аргументи за секое изјаснување во парламентот и за начинот на носење на истото. Но, сепак најинтересна е позицијата на СДСМ која, според мене апсолутно политички погрешно постапи во целата ситуација и…
Џабир Дерала Резултатите од европските избори покажуваат најмалку две работи што, ако се изговорат едно по друго, изгледаат контрадикторни, но не се. Големо мнозинство граѓанки и граѓани сакаат Европа да остане демократска, силна и стабилна, значи, да остане нормална. Демократските партии на центарот остануваат во големо и убедливо мнозинство. Тоа е добрата вест. Но порасна бројот на оние што сакаат Европа да се затвори во себе, да биде „чиста, горда и наша“ и со неа да владее „цврста рака“ и… да се распадне, евентуално. Тоа е лошата вест, а уште полоша е што дел од разликата (5%) ја направија оние…
Советот за безбедност на Обединетите нации усвои резолуција која го поддржува договорот за прекин на огнот подготвен од Соединетите Американски Држави, со цел прекин на осуммесечната војна на Израел против Хамас. За резолуцијата има 14 гласа, Русија беше воздржана и никој не гласаше против резолуцијата. Планот за прекин на огнот на американскиот претседател Џо Бајден би се случил во три фази. Прва фаза од договорот би бил шестнеделен прекин на огнот, втора враќање на преостанатите заложници од Газа, и трета, конечна, план за реконструкција на Газа. -Израел веќе се согласи на овој договор и борбите би можеле да престанат денес…
Петровска во Канал 5 ТВ: ДПМНЕ во Собранието имаше завет на молчење затоа што на Ахмети му се брзаше
Славјанка Петровска: Скандалозно е што системски закон со којшто се формираат нови министерства и се врши интервенција во надлежностите на постојните се донесе во скратена постапката и со целосно исклучување на експертската јавност. ДПМНЕ не дадоа одговор на ниту едно прашање за тоа дали ќе има нови вработувања, дали ова ќе значи делумно отпуштање на постојната администрација, ако тоа се прави по кои критериуми ќе се прави. ДПМНЕ во Собранието имаше завет на молчење, зашто на Али Ахмети му се брзаше час поскоро да гласа, иначе ќе ви избегаше двотретинското мнозинство. ДПМНЕ се обидува да направи премин од оние дијаметрално…
Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран утре и задутре ќе бидат зафатена од високи температури од портокалова фаза, поради што Владата, на барање на Министерството за здравство, одржа вонредна седница и донесе соодветни препораки. Владата, како што е посочено во соопштението, ги усвои препораките од Министерството за здравство за намалување на ризиците од високите температури, согласно Акцискиот план на Министерството за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението за територијата на овие градови. Како што се наведува во соопштението од владината прес-служба, се препорачува ослободување од работните обврски на најранливите групи население, односно бремените жени и лицата на…














