Author: Zoran Ivanov
Кренар Лога: ЕУ и САД нема да се согласат со распуштање на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, нешто што го најавуваа ВМРО-ДПМНЕ како дел од активностите за подобрување на состојбата со правосудството. Минатата недела испратив писмо до дел амбасадите во земјава, како и до официјален Брисел и Вашингтон, со кое изразив загриженост за намерата. Во извештајот од Оценската мисија на Европската Унија, децидно е кажано дека мора да има континуитет и дека државните институции не може да поминуваат низ трауми.
Лилонгве: Леталото со потпретседателот на Малави и уште девет патници исчезна од радарот откако во понеделникот го напушти главниот град. Претседателот Лазарус Чаквера нареди операција за пребарување и спасување откако претставниците на воздухопловните сили не можеа да стапат во контакт со пилотите. Засега не се знае судбината на потпретседателот на малата африканска земја Саулос Чилима и деветте патници. Растат стравувањата дека потпретседателот на Малави, Саулос Чилима, загинал при принудно слетување во шумата Чикангава, откако утринава неговиот хеликоптер не слетал на аеродромот. Авионот на вооружените сили на Малави требаше да слета на меѓународниот аеродром Мзузу на северот на земјата нешто по 10…
Дарко Костадиновски: Ако сме свесни за нашата општествена и уставна реалност тогаш јасно е дека довербата на граѓаните во институциите на системот, довербата на граѓаните во правната држава е на историско најниско ниво. Затоа, сосема природно за мене како претседател на Уставниот суд е приоритет над сите приоритети да биде враќањето на довербата на граѓаните во Уставниот суд и враќањето на довербата во правната држава, којашто е на историско најнискониво. Мои приоритети ккао претседател на Уставниот суд се: бескомпромисноста во обезбедувањето на самостојноста и независноста на Уставниот суд; бескомпромисност во обидите за какви било политички и од каква било друга…
Фидијас Панајоту (24), популарен Јутјубер и ТикТокер чии духовити и понекогаш бизарни објави собраа стотици илјади следбеници, го запрепасти кипарскиот политички свет затоа што, според сите пресметки, тој освои едно од шесте места доделени на оваа островска држава во Европскиот парламент. Се проценува дека независниот кандидат го освои третото место на изборите за Европскиот парламент на Кипар и беше зад двете големи партии, конзервативната ДИСИ и левичарската АКЕЛ. Фидијас, син на грчки православен свештеник, изгради кариера на TikTok и YouTube, собирајќи стотици илјади следбеници. Неговиот канал на англиски јазик на YouTube собра 2,6 милиони претплатници откако почна да објавува во…
Падна првиот дил отстапка и договор со ДУИ за соработка, со што ВМРО-ДПМНЕ си ја презеде улогата да биде „филот“ во бисквит коалицијата на БЕСА, Алтернатива, Алијанса на Таравари, Самоопределување на Курти, Изет Меџити од огнените и ДУИ Зоран Бојаровски Првата концесија на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кон ДУИ веќе е направена. Интересно било ноќта меѓу 7 и 8 јуни во Собранието кога Мицкоски и неговите челници преговарале со ДУИ да ги убедат дека треба да ги прифатат измените на Законот на организација на органите на државната управа. Дилот за гласовите што недостасуваа и со кои поминаа измените, е ад-хок комисија…
Урсула фон дер Лајен: Сили внатре и надвор од ЕУ се обидуваат да ја дестабилизираат и ослабат Европа
Урсула фон дер Лајен: Овие избори ни испратија две пораки, првата е дека сè уште постои центристичко мнозинство за силна Европа и тоа е клучно за стабилноста. Но, исто така е точно дека екстремите од левицата и од десницата добија поддршка и затоа овој резултат бара уште поголема одговорност од централните партии, рече Фон дер Лајен, водечкиот кандидат на ЕПП. Светот е во превирања, а сили внатре и надвор од ЕУ се обидуваат да ја дестабилизираат и ослабат Европа. Никогаш нема да го дозволиме тоа. Овие изборни резултати покажуваат дека мнозинството Европејци сакаат силна Европа.
ЕПП беше единствена голема политичка партија што стекна популарност – сите останати ја загубија поддршката во споредба со претходните избори во 2019. Веројатно е дека наклонот надесно ќе има влијание врз некои области на политиката Рикард Јазваик И покрај сите наслови за напливот на популистичката десница, главниот резултат од изборите за Европскиот парламент (ЕП) е тоа што трите најголеми политички групи остануваат непроменети. Откако граѓаните на Европската унија (ЕУ) излегоа да гласаат во 27-те земји-членки на ЕУ на изборите од 6 до 9 јуни, централнодесничарската Европска народна партија (ЕПП) беше прва – како и на сите европски парламентарни избори од 1999 година…
Драган Мишев На толку јадење бисквити, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ пак се заедно. Се затворил „ужи круг’ од двете партии во некој кабинет, и си се договориле: Идеме заедно.. Shkojmë së bashku…нека рока мандолината. После полноќ воскреснаа, или се повампирија некои стари купопродажни договори. Само што сега не е мај, јуни е. Единствено Зијадин остана да ја пафта пепелта од Европскиот фронт, колку да го одржува оганчето, барем да тлее. Или ќе биде последниот што ќе го угасне светлото на заминување (во историјата), откако некој „реис“ ќе каже: Го прогласувам Европскиот фронт за умрено. А што ќе прават сега вмровците кои…
Партијата ГЕРБ на порнешниот бугарски премиер Бојко Борисов е убедлив победник и на изборите за пратеници во Народното собрание на Бугарија и на изборите за пратеници во Европскиот парламент, покажуваат излезните анкети по вчерашното гласање. Бојко Борисов пред изборите најави дека веќе нема да се кандидира за премиер, но вети дека ќе се обиде да состави коалиција за да стави крај на политичката нестабилност. По ГЕРБ е коалицијата „Продолжуваме со промените/Демократска Бугарија“ на Кирил Петков и Христо Иванов, потоа партијата на Турците во Бугарија, Движењето за права и слободи, предводено од Делјан Пеевски, националистичка партија Преродба на Костадин Костадинов, Бугарската…
Бранко Тричковски Опуштете се, драги мои, не постои брз пристап до трагедијата. Од многу работи ќе морате да се откажете или ќе ви бидат одземени, пред да сфатите дека сте се заебале. Односно дека ве заебале. Користејќи ја вашата инфантилност и слабостите во вашиот паланечки, итромански менталитет и карактер, така добро прикажани во „Македонските народни приказни“. Заедно со ниското ниво на вашата политичка и општа култура. Со помош на државотворната и национална свест на нивото на три рала тапани. И граѓанската свест и одговорност на нивото на зурли во моментот кога зурлаџијата ги пумпа образите. Многу работи ќе ви бидат…














