Author: Zoran Ivanov
Подем на крајната десница, политички земјотрес во Франција, можен нов мандат на Урсула фон дер Лајен за претседател на Европската комисија,отстапување на Зелените и успеси на проевропските партии во Централна Европа. Тоа се некои од главните трендови кои се појавија на изборите за Европскиот парламент одржани од 6 до 9 јуни. Европската народна партија (ЕПП) останува прва политичка сила во следниот состав на ЕП. Засега има 184 претставници во 720-члениот Европскиот парламент – два повеќе од претходно. Притоа, во претходниот состав на ЕП имаше повеќе пратеници – 751. Сепак, тие места се далеку недоволни за конзервативната политичка група сама да…
Европскиот парламент објави оценка за составот врз основа на излезните анкети од Германија, Хрватска, Австрија, Кипар, Грција и Малта Европската народна партија (ЕПП), група десничарски партии, останува најбројна во Европскиот парламент и по изборите во недела, според излезните анкети од шест земји-членки, пренесува Нови лист. Европскиот парламент објави оценка за составот на идното свикување врз основа на излезните анкети од Германија, Хрватска, Австрија, Кипар, Грција и Малта. ЕПП ќе добие два мандата повеќе од Хрватска отколку во претходното свикување, бидејќи ХДЗ освои шест пратенички места, а Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (С&Д) четири, како што ѝ даваат излезните анкети…
Францускиот претседател Емануел Макрон одлучи да го распушти Националното собрание, најавувајќи предвремени избори за неколку недели, поради лошите резултати на неговата партија на гласањето за Европскиот парламент. Првиот круг на изборите за Националното собрание ќе се одржи на 30 јуни, а вториот 7 јули, објави Макрон во обраќањето до нацијата. По тешкиот изборен пораз од екстремно десничарскиот Национален фронт на Марин ле Пен, Макрон изјави дека исходот „не е добар резултат за партиите кои ја бранат Европа“. Националниот фронт на Ле Пен на денешните избори за Европскиот парламент освои околу 32 отсто од гласовите, десет повеќе отколку на претходните европски…
Францускиот претседател Емануел Макрон претрпе тежок пораз на денешните европски избори од лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен, чија победа ги зголемува нејзините шанси на претседателските избори во 2027 година. Националниот фронт на Ле Пен освои околу 32 отсто од гласовите, десет повеќе отколку на претходните европски избори во 2019 година и 17 отсто повеќе од партијата на Макрон, покажуваат излезните анкети. Социјалистите освоија 14 проценти од гласовите, објавија телевизиите Франс 2 и ТФ1 по затворањето на гласачките места. Претворено во мандати, Националниот фронт на Марин Ле Пен добива 31, Ренесанса на Макрон 14, а социјалистите 13. Ле Пен…
Берлин: Сите три партии од германската владејачка коалиција на канцеларот Олаф Шолц постигнаа полоши резултати на денешните избори за Европскиот парламент отколку на претходните избори во 2019 година. Екстремно десничарската Алтернатива за Германија, АфД, пак, постигна подобри резултати од претходните избори на што упатуваат резултатите од излезната анкета.
Излезните анкети од денешните двојни избори во Бугарија – за Националното собрание и за Европскиот парламент, покажуваат дека најмногу гласови, меѓу 28 и 30 отсто, ќе освои ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов, а за втората позиција со освоени близу 15 проценти се борат коалицијата „Продолжуваме со промените/Демократска Бугарија“ (ПП/ДБ) на Кирил Петков и Христо Иванов и Движењето за права и слободи (ДПС), предводено од Делјан Пеевски. Националистичка партија „Преродба“ на Костадин Костадинов ќе има меѓу 12 и 14 отсто, Бугарската социјалистичка партија (БСП) околу 10, а Има таков народ (ИТН) на шоуменот Слави Трифонов меѓу 5 и 6 проценти…
Јасмина Јакимова Во докторската канцеларија, додека закажувал операција, докторот од болница во внатрешноста на земјава, ја кажал својата тарифа. „100 евра… мора. За ножето“. Неколку месеци подоцна, била потребна уште една хируршка интервенција. Tриејќи со трите прсти на раката, овојпат докторот побарал 150 евра, пари што завршиле директно во неговиот џеб. Пациентот, кој со БИРН го сподели своето искуство, беше меѓу неколкуте стотици граѓани што одговорија на прашалникот за корупцијата во здравството, при што многумина признаа дека дале пари за да добијат здравствена услуга. На повеќето им се барало мито, најчесто од доктори, но и од директори на здравствени установи или од…
Зоран Иванов Уште изборните кутии не се изладија а владејачката ДПМНЕ и нели опозициската ДУИ, на “тајна ноќ” направија дил чија јавна содржина засега е правичната етно застапеност но ако се суди според досега покажаниот тридецениски партиски менталитет и исто така децениската меѓупартиска патриотска соработка преку која и првите и вторите ја патентираа корупцијата и земјава ја доведоа до европскиот квалификатив “заробена”, тогаш, аналогно на искуството, може да се претпостави заклучок кој би упатувал дека изборната доверба ниту ќе се правда со борба против корупција ниту пак ќе има некакво “ќ” од предизборното “ќе си лежите”, а дека ќе си…
Дијана Тахири Според поделбата на директорски места во коалицијата на новата влада (неофицијално), Филхармонија ќе ѝ припадне на коалицијата ВЛЕН. Во краток преглед на вестите на агрегаторот Time.mk., еден од медиумите веќе се произнесе по оваа (сѐ уште официјално непотврдена) поделба, со видна загриженост дека Филхармонијата „до сега секогаш била раководена од кадри од најголемата партија во владејачката коалиција“ (читај – од Македонци). Што на прв, втор и трет поглед значи дека Филхармонијата, како национална институција традиционално мора да припадне или да се води од најсилната политичка опција во државата, а зборуваме за Институција која ја промовира уметноста на највисоко…
Амбасада на Украина: Едно од симболичните места на овие злосторства е поранешниот културен центар „Изолација“ (Ізоляція) во Донецк, кој, по неговото заземање на 9 јуни 2014 година, беше претворен во нелегален затвор (де факто – концентрационен логор). Зад секоја година, секој број, лежи судбината на човекот. Но, рускиот агресор повторно покажа дека не се грижи за човечките животи на Украинците, ниту за културата и историјата што тие ја негуваат. Линк















