Author: Zoran Ivanov
12-ти април Кандидатите за Претседател на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Стевчо Јакимовски, Билјана Ванковска и Максим Димитриевски на средби со граѓани во општини и на митинзи во поголемите градски Центри. Во рамките на нивната изборна кампања за првиот изборен круг на 24-ти април тие денеска меѓу граѓаните со пораки, ставови, идеи, понуди. Нова со акценти од нивните денешни настапи. По ред, согласно гласачкото ливче што со ждрепка го утврди ДИК.
Вашингтон: Неизбежен ирански напад врз Израел е реална и веродостојна закана, соопшти Белата куќа, а американски официјални лица потврдија за катарската телевизија „Ал Џезира“дека САД може да интервенираат за да му помогнат на Израел да се одбрани од ирански ракетен напад.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен телефонски разговара со министрите за надворешни работи на Кина, Турција и на Саудиска Арабија и побара од нив да го искористат своето влијание врз Иран и да го одвратат официјален Техеран од потенцијален напад врз Израел.
Израел очекува директен напад од Иран врз јужниот или северниот дел на земјата во следните 24 до 48 часа, објави Волстрит џурнал, повикувајќи се на добро информиран извор.
За терапијата што 3/4 народ ја чека по поглавја, почнувајќи со судството и правдата, ВМРО-ДПМНЕ упаднало и стои како дибек на ЕУ – шалтерот и само нафрла запалливи муабети за „жешки“ глави. Други проаѓаат, а ние чекаме како глупави, затоа што од аспект на ЕУ, дибекот си е наша творба. Де нѐ тушира со плунка со „гордости“, „достоинства“ и сличен булшит, де од техничка позиција заплашува со незаконски акции со специјалци, де пали чкорчиња со разни поделби, воглавно со најтупавиот стандард – со национализми. Во заднината на овие неинтелигентности стои ладното гаслајтирање. Имено, според дибекот што брани пред шалтер, еднаш…
За терапијата што 3/4 народ ја чека по поглавја, почнувајќи со судството и правдата, ВМРО-ДПМНЕ упаднало и стои како дибек на ЕУ – шалтерот и само нафрла запалливи муабети за „жешки“ глави. Други проаѓаат, а ние чекаме како глупави, затоа што од аспект на ЕУ, дибекот си е наша творба.
Њујорк: Членките на Советот за безбедност на ООН синоќа не успеаја да се договорат за барањето на Палестина за полноправно членство во светската организација, изјави амбасадорот на Малта, земјата која во април претседава со Советот за безбедност. Во септември 2011-та година, претседателот на Палестинската управа, Махмуд Абас, ја покрена процедурата, барајќи пристапување на државата Палестина во ОН, но оттогаш постапката не е завршена. Во ноември 2012 година, Палестина доби статус на држава набљудувач која не е членка на ООН.
Вашингтон: САД очекуваат ирански напад врз Израел, но таков што нема да биде доволно голем за да го вовлече Вашингтон во војна, изјави доцна синоќа американски претставник.
Бранко Тричковски: Не од Гоце, не од Даме и од другите манекени на револуцијата, која всушност не била никаква револуција туку била парада на неукоста, тажна карикатура на самата себе која во својот хаос и лудост однела илјадници жртви на македонска страна. Прво се испотепале меѓу себе, второ го тероризирале селскиот народ и на крајот Турците ги ловеле како пеперутки по селските ливади и кории. Само писма, парадни конгреси, мемоари, разделби, судири и- ништо! На крајот, со постојаното засерување на македонската земја, сепак, се родил митот од кој денеска ќе наебеме. Линк
„Мојата Македонија е Македонија која се самоослободува од лагите за себе, од позајмените истории, од поттурените митови. Македонија која се потпира на денешниве луѓе, на слободните луѓе, не на единство туку на диференцијација, на индивидуализмот, не на колективизмот, на културата, на културата на слободата која мора да оди во комбинација со одговорноста, со други зборови-модерна, европска Македонија, интегрирана кон внатре со меѓуетничката солидарност и хармонија и кон надвор во Европската унија и во сите светски структури“ – Тричковски.
11-ти април Претседателски кандидати и денеска на средби со граѓаните по општини и на митинзи во поголемите градски Центри и со медиумски настапи.
Скопје: Два тунела кои требало да бидат употребени за бегство на непознат број затвореници се откриени во најголемиот македонски затвор КПД Идризово.











