Author: Zoran Ivanov
Портпаролот на израелската војска Даниел Хагари Хагари изјави дека Иран истрелал 170 беспилотни летала, повеќе од 30 крстосувачки ракети и повеќе од 120 балистички ракети, но само неколку балистички проектили стигнале до израелска територија, предизвикувајќи мала штета на воздушната база.
Европската унија најостро го осудува неприфатливиот ирански напад врз Израел“, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.
Американскиот претседател Џо Бајден изрази солидарност со Израел по нападот од Иран и се сретна со неговиот тим за национална безбедност за да разговара за ситуацијата, пренесоа светските агенции. Нашата посветеност на безбедноста на Израел наспроти заканите од Иран и неговите полномошници (во регионот) е непоколеблива, напиша Бајден на социјалната мрежа Х, објавувајќи фотографија од итен состанок во Белата куќа со неговите советници за безбедност. Дополнително Бајден изјави дека САД нема да преземаат никакви офанзивни воени дејствија спрема Иран.
Одлуката на Иран да користи беспилотни летала т.н. дронови за да го гаѓа Израел на 13 април, ја крева завесата на новата ера на војна со беспилотни летала пишува угледниот магазин „Јерусалим пост“. Како што наведува медиумот дроновите се користат со години од многу земји. На пример, Израел беше една од првите земји во светот која беше пионер во употребата на беспилотни летала во војување уште во доцните 1970-ти и раните 1980-ти.
Сирени низ многу градови во јужен Израел, во Ерусалим се слушаат детонации.
Официјален претставник на израелската одбрана за военото радио изјавил дека повеќе од 100 ирански дронови веќе се пресретнати вон израелскиот воздушен простор, од стотиците истрелани кон Израел.
Американскиот претседател Џо Бајден се врати во Вашингтон за да разговара со неговиот тим за национална безбедност, еден ден откако рече дека очекува ирански напад врз Израел.
Иран го започна својот напад врз Израел кога лансираше десетици беспилотни летала камикази. Станува збор за беспилотни летала „Шахед-136“.
Почна пресретнувањето на иранските беспилотни летала, јавуваат израелските медиуми. Откако Иран испука десетици беспилотни летала камикази кон Израел, нивното пресретнување започна над сирискиот и јорданскиот воздушен простор.
Израелските одбранбени сили ја повторија својата претходна изјава, велејќи дека очекуваат беспилотните летала да се огласат во наредните часови. Американските власти рекоа дека Иран се очекува да лансира повеќе од 100 беспилотни летала, десетици крстаречки ракети и десетици балистички ракети.
Медиумите поврзани со властите во Иран јавија дека Техеран лансирал трет бран дронови кон Израел.













