Author: Zoran Ivanov
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска му го додели мандатот за состав на нова влада на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Според Уставот, односно според членот 84, став 1, алинеја 1, една од надлежностите на претседателот е доделување на мандат за состав на влада. Согласно членот 90, став 1, алинеја 1, мандатот задолжително се доделува во период по истекот на десет дена од конституирањето на Собраникето и тоа на лидерот на партиите што имаат мнозинство во Собранието. Сведоци сме дека денеска истекува десетиот ден“, нагласи претседателката на чинот на доделување на мандатот. При конституирањето на Собранието, претседателот на Собранието беше избран…
Пардубице: Во сударот на патнички и товарен воз во чешко Пардубице доцна во средата вечерта, најмалку четири лица загинаа, а десетици се повредени, јавуваат чешките медиуми. Соопштено е дека брзиот воз од Прага до словачко Кошице, со околу 200 патници, се судрил со товарен воз во Пардубице, на околу 100 километри источно од главниот град на Чешка. Портпаролката на локалните спасувачки служби изјави за чешката телевизија дека, наводно, загинале четири лица, десетици се повредени, а некои тешко. Според железничката управа, возовите се судриле на новата станица Пардубице центрум, а судирот го прекинал сообраќајот на коридорот кон Моравска, пишува на веб-страницата…
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, напладне, во вила Видно, ќе го додели мандатот за формирање влада на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој по изборите на 8 мај обезбеди парламентарно мнозинство со коалицијата Вреди и Движењето ЗНАМ, што беше потврдено при изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието. Новиот владин кабинет е проектиран со реорганизација на ресорите и ВМРО-ДПМНЕ вчера до Собранието достави предлог законски измени кои веќе се ставени на собраниска седница закажана за утре. Според Мицкоски, преговорите за владата се веќе завршени во делот на формирање на владините ресори и во делот на третиот ешалон. -Очекувам час поскоро…
Струмичкиот митрополит Наум, во интервју за порталот „Струмицанет“, тврди дека не постојат нерешливи прашања во односите меѓу МПЦ-ОА и Вселенската патријаршија. Директно контрирајќи на позициите за три неприфатливи услови што пред десетина дена ги изнесе Архиепископот Стефан, Владиката Наум вели дека, поглаварот на МПЦ-ОА ја има најголемата одговорност во настапите и треба да биде внимателен. Сепак, струмичкиот митрополит во интервјуто детално го опишува проблемот меѓу МПЦ-ОА и Вселенската патријаршија, одговарајќи поединечно на сите три наводни услови и е категоричен дека Фанар ниту бара промена на уставното име на МПЦ-ОА, ниту пак признавање на украинската автокефалност, а дека прашањето за дијаспората…
Американски медиуми: Украина почнала да користи американско оружје за напади врз цели во Русија
Вашингтон: Украина употребила американско оружје за да нападне цели во Русија во изминатите денови, јавија американските медиуми повикувајќи се на изјава на американски сенатор и западен функционер запознати со тоа прашање. Оружјето беше користено според неодамна одобрените насоки на претседателот Џо Бајден, дозволувајќи им на американското оружје да се користи за напад во Русија со ограничена цел за одбрана на Харков, вториот по големина град во Украина.
Ахмети е поразен на 8-ми мај и сега доаѓа ново поглавје во политичката историја на Албанците во Северна Македонија. Таа нова историја ќе ја пишува Влен како победници во чисто албанскиот политички кампус, велат од коалицијата Влен. Времето на 22 години режим на ДУИ два пати со СДСМ и еднаш со ВМРО-ДПМНЕ конечно заврши. Партиите кои раководат со Албанските општини како Тетово, Гостивар, Чаир најмалку може да се слаби или неподготвени. Жалиме што Ахмети се мачи да ја прифати реалноста дека ќе биде опозиција. Добро би било да објасни на своите гласачи дали е точно дека на Мицкоски му понудил…
Русија вчера одговори со нова закана за ескалација на извештаите дека Франција наскоро би можела да испрати инструктори да и помогнат на украинската армија. Ниту еден инструктор вклучен во обуката на украинската армија нема имунитет, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Не е важно дали се Французи или не“, додаде тој. Минатата недела, украинскиот врховен командант Олександр Сирски изјави дека француските инструктори наскоро ќе пристигнат во Украина. Францускиот претседател Емануел Макрон, кој ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски оваа недела за време, наскоро може да објави мала коалиција на земји кои сакаат да испратат инструктори во Украина, објави…
Ахмети: Не може секој да добие мандат за да одлучува кој ќе ги претставува Албанците во новата влада
Нашите политички противници нека се подготват за новиот предизвик кој следи следната година на локалните избори, истакна Али Ахмети, лидер на Демократската унија за интеграција (ДУИ), во обраќањето на прославата за 22 години од формирањето на оваа политичка партија, а посветено на актуелните превирања во албанскиот блок по парламентарните избори. Секој може да добие мандат да формира влада, но не може секој да добие мандат да одлучува кој ќе ги претставува Албанците во таа влада, рече Ахмети, алудирајќи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН/ВРЕДИ, од каде најавија формирање на нова влада. Ахмети пред сопартијците во ресторанот „Нов Албис“ во гостиварска Долна…










