Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За 4 години, само за главница државата треба да врати долг од 2,3 милијарди евра

0
By Нова ТВ on June 18, 2019 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 18, 2019 12:32

Во апсолутен износ, вкупниот Јавен долг на земјава на крајот од првиот квартaл од годинава изнесува 5,24 милијади евра или 46,2% од БДП. Според креаторите на фискалните политики, долговите од 2017 година се во надолна траекторија, според опозицијата власта продолжува со заеми кои не даваат позитивен импулс на економскиот раст, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk. Каде е вистината, дали земјава е во стабилна зона на задолженост и колкави долгови и по кој основ ќе се плаќаат во годините што доаѓаат?

Што ќе се случува со долговите на државата и како ќе се менаџираат?

Споредено со просечното ниво на задолженост на економиите од Европската Унија, Северна Македонија сеуште важи за земја со умерено ниво на задолженост, или Државниот долг на крајот од првиот квартал од годинава изнесува 4,34 милијарди евра односно 38,3% од БДП а Јавниот долг (со вклченост на државниот долг) изнесува 46,2% од БДП. Со новата Фискална стратегија 2020 -2022 година се предвидува нивото на вкупниот Јавен долг да не надмине 60% од БДП. Новиот документ открива дека следната година максималниот износ на задолжување (државен долг) се “бетонира“ на 400 милиони евра, во исто време проектиран е пораст на гарантираните долгови на јавните претпријатија зад кои ќе застане државата.

„Изворите за финансирање обезбедени преку задолжување во 2019 година ќе бидат наменети и за делумно финансирање на отплатите што доспеваат во првиот квартал на 2020 година. Краткорочниот максимален лимит за нетозадолжување (домашно и странско) по основ на државен долг во 2020 година се утврдува на 400 милиони евра.  Во периодот 2019 – 2021 година се очекува интензивирање на инвестициите во областа на патната инфраструктура кои се имплементираат со заеми гарантирани од државата. Заради тоа се очекува зголемување на состојбата на гарантираниот долг, и се утврдува лимит за максимално нето-задолжување по основ на гарантиран долг во 2020 година до 250 милиони евра“, се наведува во Фискалната стратегија.

Дел од новите заеми, освен за покривање на буџетскиот дефицит, односно за тековни исплати, ќе се користат и за враќање на стари долгови, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk.

„Во наредниот период достасуваат за плаќање значителен износ на претходно земени обврски, односно во периодот 2019-2022 треба да се отплатат вкупно 2,3 милијарди евра по основ на главница на долг на централна власт и гарантиран долг“, открива Фискалната стратегија во која се нотираат и кредитите кои треба да се вратат:

„Во 2020 и 2021 година ќе треба да се отплатат околу 835 милиони евра само по основ на три големи претходни задолжувања (втора рата од PBG заем склучен во 2013 година во износ од 155 милиони евра, евро-обврзница од 500 милиони евра издадена во 2014 година и остаток од еврообврзница од 180 милиони евра издадена во 2015 година), како и други отплати на долгови на домашен и странски пазар. Особен предизвик за ефикасно управување со ризикот од рефинансирање се очекува во 2020 и 2021 година, кога редовно ќе достасаат еврообврзниците издадени во 2014 и 2015 година (на вкупен износ од 678 милиони евра), како и втората рата по основ на заемот обезбеден со гаранција заснована на политики од Светска банка (PBG – Policy basedguarantee) во износ од 155 милиони евра“.

Како претходница на овие исплати, во јануари 2018 година Министерството за финансии изврши предвремен откуп на дел од претходно издадената еврообврзница со што беше намален износот за рефинансирање во 2020 година.

Еве кој е планот за движење на дефицитот и долговите во слениот период:

                                               2019 год              2020 год         2021 год       2022 год

Државен долг(од БДП)          42,2%                  41,9%             39,8%            39,0%

Јавен долг ( од БДП)             51,7%                   52,3%            50,8%            49,1%

Дел од економистите коментираат дека не се против нови задолжувања но останува прашањето каде и како ќе потрошат заемите.

Според економистите, важни се две прашања –  темпото на задолжување и  прашањето каде и за што се трошат заемите, и за тоа за што се трошат позајмените пари.

„Од сето тоа што како позајмица е земено на финансискиот пазар или не се инвестира соодветно, или ефектите од инвестициите се никакви, или пак, постои високо ниво на злоупотреба со јавните средства.. Според податоците на НБМ. Бруто надворешниот долг (јавен и приватен) во периодот 2006-2017 е зголемен за повеќе од три пати, додека дополнително додадената вредност во истиот период е зголемена за нешто повеќе од два пати. Вкупната дополнителна-маргинална додадена вредност во периодот 2006-2017 е помала од износот на надворешно задолжување, што значи дека, на секое едно евро вкупно надворешно задолжување имаме раст на новосоздадената вредност од 0,88 евра, што укажува на фактот дека, дополнителната новосоздадена вредност е недоволна за навремено покривање на позајмените средства и трошоците на позајмувањето“, објаснуваат економските аналитичари.

Како и кога започна трендот на раст на долговите ?

Анализата на официјалните податоци од Министерството за финансии покажуваат дека најниско ниво на вкупен Јавен долг како процент од Бруто домашниот производ  е измерено во 2008 година кога изнесувал 23% а овој пад на нивото на задолженост беше резултат на предвремена отплата на кредити и обврски кон дел од меѓународните кредитори и финансиери. Но, веќе во 2009 та година долговите почнуваат да се зголемуваат и оваа состојба го достигнува пикот во 2016 година кога Јавниот долг достигнува 48,8% од БДП.

Јавниот долг е една од темите за партсики пресметки меѓу власта и опозицијата.

„Јавниот долг ја надмина психолошката граница од 5 милијарди евра, а граѓаните не видоа никаков бенефит од секојдневните задолжувања. Нема нови училишта и студентски домови, нема нови болници, а и тие кои останаа пропаѓаат, а нема ниту некакви инвестиции во градежништвото“, изјавија неодамна од опозициската ВМРО ДПМНЕ.

„Нема поголемо лицемерие од тоа ВМРО ДПМНЕ е партијата која што јавниот долг за неколку години го зголеми двојно и создаде колапс во економијата, денес да зборува за економија и задолжувања. Фреквенцијата на задолжувања е намалена, намалени се и каматните стапки и одговорно се сервисираат долговите направени токму од ВМРО ДПМНЕ“, одговорија од СДСМ.

Според сегашната методологија на мерење на Јавниот долг во него влегува државниот долг  кој ги опфаќа надворешните и внатрешните заеми на  Централната Влада, Јавните фондови и општините и вклучен е и гарантираниот долг на јавните претпријатија и на акционерските друштва во државна сопственост.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.