Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За бугарско македонските односи и моќта на граѓаните

0
By Нова ТВ on August 10, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ова наше искуство го споделуваме како пример за тоа дека дијалогот, разбирањето , меѓусебното почитување се можни со малку добра волја и чисто срце.

Пишуваат: Димитар Бечев и Борјан Јовановски

Кога во 2013 година ние двајцата потписници на овој текст при еднен спонтан разговор  во Скопје договоривме онака партизански да организираме средби на граѓани од двете земји заинтересирани за европската иднина на овој регион немавме никаква илузија дека тоа ќе има посериозен импакт како во Македонија така и во Бугарија. Во Македонија Груевски беше во кулминацијата на неговото лудило олицетворено во проектот Скопје 2014 додека во Бугарија а тогашната влада на Бојко Борисов на стаклени нозе.

Се собравме ние дваесетина Бугари и Македонци прво во Црвената к’шта во Софија па после во скопска Менада, две дувла на таканаречените “соросоиди”, за да поразговараме отворено за товарот кој со децении ги оптоварува и оневозможува бугарско македонските односи. Не навлеговме во историјата на начин како што за жал тоа често се прави на Балканот; да и дозволиме да не затрупа во нејзината комплексност и особено предрасудите и стереотипите кои вешто и беа уфрлени од страна на различните политички елити во изминативе децении.

Ние се обидовме да се фокусираме на денешницата и се разбира иднината. Со ваков пристап дијалогот стана пријатен за сите учесници. Македонците беа Македонци, говореа на македонски јазик, а соговорниците Бугари беа модерни, либерални Европејци како и сите други. Сите се однесуваа едни кон други онака како што налагаат европските цивилизациски норми ослободени од балканските предрасуди и што е најважно од пропагандистичката реторика инспирирана од политичките елити во двете држави според која Македонците не се тоа што се додека Бугарите се некакво татарско племе од инфериорен карактер. Дијалогот заврши со тоа што се согласивме без дилеми дека си требаме едните на другите, дека сме блиски и дека ни се потребни европски перспективи колку на Бугарија толку на Македонија.

На крајот се разбира се собравме во една убава меана на јадење и пиење каде што слушавме, пеевме македонски песни онака како што секој интимно ги доживува. Целата приказна ја збогативме и со иницијатива на социјалните мрежи за именување на улици во Софија, по името на Борис Трајковски и во Скопје по името на Жељо Желев.

Ние двајцата потписници на овој текст како иницијатори на средбата бевме задоволни од успехот на нашата скромна иницијатива потполно свесни дека во тој момент сме далеку од тоа нашите визии за иднината на бугарско македонските односи да бидат споделени или било како афирмирани од тогашните власти во Софија и Скопје. Па сепак чувството да делуваш во согласно со сопствената граѓанска совест некогаш нема пари кои можат да ја измерат неговата вредност.

Еве не 4 години подоцна кога сме сведоци на потпишувањето на Договорот за пријателство и соработка меѓу Р. Македонија и Р. Бугарија. Заев и Борисов покажаа недвосмислено дека во матните води на балканската политичка сцена се уште има живот во кондиција да ги реализира нашите желби за иднината на бугарско македонските односи во една поинаква, европска перспектива.

Оваа наша епизода ја споделуваме денеска со јавноста без  обид да шириме илузии за “братство и единство”.  Во целост сме  свени за бројните проблеми кои постојат во бугарско македонските односи  со сериозен потенцијал и тенденција  никогаш да не ја овозможат нашата цел за меѓусебна соработка во европски дух. Ова наше искуство го споделуваме како пример за тоа дека дијалогот, разбирањето , меѓусебното почитување се можни со малку добра волја и чисто срце.

Пред двете држави и двете општества престои огромна работа за да се овозможи словото содржано во потпишаниот договор да се преточи во дух на взаемна почит и желба за соработка во функција на подобра иднина за двата народа.

Договорот кои го потпишаа Борисов и Заев е одлична платформа врз која бугарско македонските односи можат да се развиваат во посакуваниот правец но само и само доколку по протоколарните церемонии уследи конкретна активност на реализација на конкретни проекти во функција на подобрување на животниот стандард на граѓаните од двете држави во секоја област. Затоа во овој тежок но вреден процес кој го отворија двајцата премиери треба да се вградиме сите кои чувствуваме потенцијал и потреба од подобра и поефикасна соработка на двете држави. Нашето искуство го споделуваме со вас за да ве охрабриме дека граѓанските иницијативи колку и да личат “партизански” каква што беше нашата пред 4 години може да се вградат во подобрата иднина за нас и нашите поколенија.

На крајот во духот на она што го правиме и пишуваме дозволете да споделиме еден цитат од кој започна големата авантура наречена Европска унија пред 50 години.

“Европа не може да се изгради за еден ден ниту пак во еден чекор . Таа ќе се случи кога ќе се реализираат конкретни проекти кои ќе создадат фактичка солидарност” , изјави Роберт Шуман на 9 мај 1950 година кога за многумина неговата визија беше неостварлив сон. ЕУ е денеска идеалот на голем дел од човечката цивилизација.

Димитар Бечев е директор на Институтот за европски политики од Софија

Борјан Јовановски е новинар

Овој напис исто така е објавен на бугарски јазик во capital.bg

балкан Борјан Јовановски Бугарија Димитар Бечев Македонија односи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.