Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За девет месеци 21 лице осомничени за разни видови напади врз полицајци

0
By НОВА ТВ on September 21, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Секторот за внатрешни работи Тетово за речиси девет месеци во 2021 година има поднесено кривични пријави против вкупно 21 лице за повеќе видови кривични дела, а се поврзани со разни видови на напади, спречување при работа на полициски службеници.

Десет од нив се за „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“, пет во „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ и шест за „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“.

– Заклучно со 20 септември, во СВР Тетово изготвени и до Основните јавни обвинителства во Тетово и во Гостивар поднесени се седум кривични пријави против десет сторители, од кои седум во Тетовско и три во Гостиварско за сторени осум кривични дела (ТЕ-5 и ГВ-3) „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“ казниво по член 383 од Кривичниот законик, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Според кривичниот законик и членот 383 за делото е предвидено парична казна или затвор до три години. Ако при извршување на делото сторителот се заканува со употреба на оружје, го малтретира или го навредува службеното лице предвидена е затворска казна од шест месеци до пет години. Ако при извршувањето на делото на службеното лице му е нанесена тешка телесна повреда, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години.

Петте осомничени кои се опфатени со кривична пријава „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ казниво по член 384 од Кривичниот законик се луѓето кои полицијата ги приведе по насилните протести што се случија во петокот 17 септември во тетовска Мала Речица. Делото „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ е казниво по член 384 од Кривичниот законик и се предвидени парични и затворски казни, максимално до пет години.

Во овој период од јануари до 20 септември евидентирани се и шест кривични пријави, од кои четири во тетовскиот и две во гостиварскиот регион против исто толку сторители за исто толку кривични дела „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“, согласно член 382 од Кривичниот законик. Исто така предвини се парични и затворски казни, со максимално до десет години.

МВР напад полицаец
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.