На почетокот од јануари 2015 година, потточно до 15 овој месец ќе се знае кои се аспирациите на поранешната прва дама Хилари Клинтон, пишува „Си-ен-ен“.
Таа до 2013 му беше и државен секретар на претседателот Барак Обама.
Поранешните помошници и луѓе од доверба на Клинтон велат дека ако до овој датум сопругата на Бил Клинтон децидно не се откаже од кандидатурата, тоа би значело дека на изборите во 2016 ќе ја гледаме во трката за престолонаследник во Белата куќа.
При крајот на 2014 како можни кандидати за претседател од страна на демократите се спомнуваа сенаторите Џим Веб и Елизабет Ворен како и актуелниот потпретседател Џо Бајден, меѓутоа Хилари Клинтон е далеку пред сите на анкетите.
Таа лани во септември за прв пат кажа дека одлуката ќе ја донесе во јануари 2015.




