Турскиот претседател денес изјави дека Бенјамин Нетанјаху е “терорист” откако израелскиот премиер ги отфрли “моралните лекции” на Турција во врска со убиствените судири што се случија во петокот помеѓу Газа и Израел.
“Еј Нетанјаху! Ти си окупатор! Како окупатор се наоѓаш на таа територија. Ти си исто така терорист”, изјави Ердоган во еден говор пренесуван на телевизија пред неговите приврзаници во Адана на југот на Турција.
Во петокот десетици илјади Палестинци дојдоа во Газа на првиот ден на протестот наречен “Повратниот марш”. Овој протест е предвидено да трае шест недели а негова цел е остварување на правото за враќање на Палестинците на оваа територија. Тие бараат укинување на блокадата на Израел и враќање на бегалците.
Стотици демонстранти фрлаа камења, молотови коктели и тркалаа запалени гуми кон војниците на другата страна од граничната ограда.
Во петокот 16 Палестинци беа убиени од израелската војска поради тоа што се доближиле во оградата а над 1.400 лица беа ранети, објави министерството за здравство на Газа.
Стотици илјади Палестиници беа избркани од нивните огништа по војната што следеше по креирањето на Израел во 1948 година.
Ердоган го обвини Израел дека извршил нехуман напад и ги нападна оние што ја критикуваа турската операција во Африн.
“Израел ќе ја стави Палестина во затвор со своето угнетување. Ќе продолжиме да ги поддржуваме нашите браќа и сестри во Палестина”, изјави Ердоган.
И додаде:
“Не слушнав ништо против израелскиот масакр во Газа од оние кои ја критикуваа операцијата во Африн”, рече турскиот претседател, мислејќи на турската акција во курдската енклава во Сирија, и додаде дека тоа е “најјасен доказ за недостаток на искреност” на оние кои се фокусираат на Турција , но не велат ништо “за фактот дека Израел ги напаѓа демонстрантите во нивната сопствена земја”.
Ердоган во петокот разговарал со претседателот на САД Доналд Трамп и го прашал дали ќе интервенира во овој случај. Но не кажа каков одговор добил од Трамп.
На ова Твитер одговорот на Нетанјаху беше:
“Најетичката армија на светот нема да слуша лекции за морал од страна на човекот што бомбардира цивили и тоа се години.”
Во петокот, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш повика на независна и транспарентна истрага за смртта и ранувањето на Палестинците по должината на границата на Газа со Израел.
Шефицата на ЕУ надворешната политика, Федерика Могерини исто така во саботата повика за истрага во врска со употребата на боева муниција за време на масовните палестински демонстрации.




