Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За и Против импичмент на Иванов

0
By Влатко Чаловски on June 13, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Образложувајќи го предлогот за импичмент на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, поднесен од пратениците на СДСМ, а поддржан од пратеничката група на ДУИ и независните пратеници, Рената Дескоска порача дека никој не смее да биде над Уставот и законите, и обврска на пратениците е да ја вратат загубената доверба на граѓаните во Законодавниот дом.

-Иванов треба да сноси одговорност за злоупотребите во својата функција. Амнестијата е во надлежност на Собранието а не кај Претседателот. Со тој упад во работата на Собранието тој го прекрши Уставот. Аболицијата ја направи надвор од законските норми, со укинат член уште во 2009 година, рече меѓу другото Дескоска.

Како што вели таа, пратениците потписници на предлогот за импичмент на Иванов, сметаат дека тој со своето молчење и непојавувањето во Собранието всушност и ја признал вината, а со повлекувањето на аболицијата признал и дека згрешил.

Сепак претседателот на Комисијата која требаше да ја оценува основаноста за покренување на постапката, Зоран Илиевски, соошти дека Комисијта заклучила дека предлогот не е основан.

Комисијата е инаку составена од 11 членови, во која мнозинство се пратениците од владејачката партија.

– Претседателот во вршењето на своите права, не ги прекршил Уставот и законите. Ние мислиме дека Усавот не е прекршен, оти тој утврдува право на Претседателот да дава помилување, рече меѓу другото Илиевски од собраниската говорница.

Според него, политичката одговорност се ценела на избори а не пред пратениците.

– Сметаме како Комисиј дека политичка мотивираност има кај предлагачите, бидејќи со оваа постапка вршат директен напад врз инститицуијата Претседател, потенцираше тој.

Дискусијата може да се следи во живо (со пребарувач Интернет Експлорер), на која пратениците од власта и понатаму ја бранат одлуката на Иванов, додека опозициските пратеници бараат негово појавување во Собранието.

Иванов импичмент
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.