Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За Камерон, Тачер беше голем водач, а рударите слават

0
By Нова ТВ on April 9, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 9, 2013 08:05

Реакциите по смртта на поранешната британска премиерка Маргарет Тачер продолжуваат да пристигнуваат од цел свет.

Премиерот на Британија Дејвид Камерон изјави дека Британија загубила голем лидер, голем премиер и голама Британка.

Американскиот претседател Барак Обама кажа дека Америка загубила вистински приајтел и светски шампион во борбата за слобода.

Поранешниот Советски лидер Михаил Горбачов рече дека Маргартет Тачер била голем политичар со исклучителна индивидуалност .

По вестите за смртта на поранешната британска премиерка Маргарет Тачер, регионалниот функционер на британскиот рударски синдикат NUM, Дејвид Хопер во понеделникот изјави дека „денеска е прекрасен ден” и дека е „одушевен”, додека ирскиот републикански лидер Гери Адамс рече дека Тачер предизвикала големо патење во Ирска, а нејзината политика на крајот доживеала пораз.

„Тачер на североистокот му нанесе повеќе зло од кој и да е друг. И не станува збор само за јагленокопите, настојуваше да ги уништи синдикати, ја десеткуваше индустријата и ги разори нашите заедници. Англија денес увезува 40 милиони тони јаглен секоја година. Тоа е скандалозно”, гневно изјави Хопер.

„Се обидуваме да организираме заедничка прослава на денот на нејзиниот погреб. За неа тука нема да има премногу солзи, а мислам ни дека нема многу луѓе коишто ќе го гледаат погребот, сигурно ќе има некој натпревар на телевизија”, оцени синдикалистот.

Од 1985 година речиси 230 илјади британски рудари ја загубија работата, а владата на Маргарет Тачер по цела година спротиставеност меѓу премиерката и рударските синдикати кои стапија во штрајк, затвори 165 рудници.

Маргарет Тачер со години беше омразена и меѓу ирските националисти во Северна Ирска поради непопустливата политика во текот на 11-те години колку што во трите мандата од 1979 до 1990 година ја водеше британската влада, поради која, меѓу другото, десетина затвореници починаа штрајкувајќи со глад.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 24, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

ВЕСТИ June 24, 2026

Соединетите Американски Држави ја продолжија националната вонредна состојба поврзана со Западен Балкан за уште една…

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

June 22, 2026

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.