Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За невакцинираните гости ќе следува кривична, а угостителите ќе бидат „боцнати“ и до 30.000 евра

0
By НОВА ТВ Balaban on August 13, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Угостителските објекти кои ќе примаат невакцинирани  гости ќе се соочат со глоби во износ меѓу 250 и 30.000 евра, појаснуваат од ДПИ
В понеделник, 16 август, почнуваат да важат новите мерки против ширење на ковид-19, според кои за некој да влезе во угостителски објект или да учествува на настан од било која природа кој вклучува над 30 учесници, ќе мора да има потврда за извршена имунизација, барем со една доза. Угостителите и сопствениците на објектите каде се организираат настани, мора да располагаат со редарска служба која ќе ја контролира потврдата за имунизација на секој кој  планира да влезе. 
Ако граѓанинот не располага со сертификат за имунизација, ризикува да биде казнет според Кривичниот законик и според Законот за заштита на населението од заразни болести, што е во делот на МВР, велат од ДПИ. 

Угостителските објекти кои ќе примаат невакцинирани  гости ќе се соочат  со глоби во износ меѓу 250 и 30.000 евра, појаснуваат од Државниот пазарен инспекторат во изјава за Канал 5, но не ги откриваат начините како ќе ги проверуваат рестораните и другите објекти.

– Не мора да значи дека секогаш треба да има припадници од МВР при контролите, но начинот на кој ние ќе контролираме засега останува во тајност, затоа постојат и редари. Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, во членот 66 и 66 а и б, глобите изнесуваат од 250 евра до 30.000 евра, зависно дали трговецот е во мал или голем угостителскиот објект, а за физички лица казната е 250 евра – велат од ДПИ. 

Веднаш по одлуката на владата почнаа и реакции од угостителите. Од Независната угостителска комора (НУК)  побараа да се укине оваа одлука, а Здравко Јосифовски најави дека прв ќе го затвори локалот додека се применува оваа одлука.

(Љ.Б.)

 

Гости ДПИ казни кривична Невакцинираните ќе следува угостителите
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.