Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За новогодишни пакетчиња државните институции и општините потрошиле 72.000 евра, најскапите се набавени во Новаци, по 1.377 денари

0
By НОВА ТВ Balaban on January 14, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 14, 2022 11:16

Најмногу пакетчиња, 3.274 купила Општина Кавадарци, иако со пониска поединечна цена. Блиску, според бројот на купени пакетчиња е и Општина Прилеп со 3.030. Најскапи пакетчиња, како и претходната година, и сега купила Општина Новаци, по 1.377 денари за едно пакетче. Вкупно најмногу пари за пакетчиња, односно околу 10.000 евра потрошил Град Скопје, истакнуваат од Центарот за граѓански комуникации.

Државните институции и општините за купување новогодишни пакетчиња за децата потрошиле 72 илјади евра. Тендери за купување пакетчиња за новата 2022 година имале 20 институции, додека други 37 институции купиле пакетчиња без примена на Законот за јавните набавки, бидејќи вредноста на набавките била помала од илјада евра – колку што изнесува вредносниот праг под кој не важи Законот за јавните набавки, покажуваат резултатите од испитувањето што го направи Центарот за граѓански комуникации.

Сепак, велат оттаму, и некои од институциите што спровеле тендер набавиле пакетчиња за помалку од илјада евра, но решиле тоа да го направат со примена на Законот за јавните набавки поради поголема транспарентност.

– Вкупната сума пари потрошени за пакетчиња за новата 2022 година изнесува 72.571 евро, но се очекува оваа вредност да биде уште поголема имајќи предвид дека некои институции сѐ уште ги немаат објавено договорите и вредноста на потрошените пари за оваа намена. На повеќе од две третини (68 отсто) од тендерите за набавка на новогодишни пакетчиња била добиена само по една понуда, на помалку од една третина од тендерите имало по две или три понуди. Меѓу фирмите од кои се набавувани новогодишните пакетчиња убедливо води „Колид“ од Колешино од каде се купени една четвртина од пакетчињата, посочуваат од Центарот за граѓански комуникации.

Најмногу институции, додаваат од Центарот, купувале пакетчиња за децата на своите вработени, а помал дел купиле пакетчиња и за деца кои се наоѓаат во болница, специјални училишта и сл. Најголем дел од пакетчињата се со традиционални кондиторски производи, но има и такви со литература и материјали за цртање за деца.

– Најмногу пакетчиња, 3.274 купила Општина Кавадарци, иако со пониска поединечна цена. Блиску, според бројот на купени пакетчиња е и Општина Прилеп со 3.030. Најскапи пакетчиња, како и претходната година, и сега купила Општина Новаци, по 1.377 денари за едно пакетче. Вкупно најмногу пари за пакетчиња, односно околу 10.000 евра потрошил Град Скопје, истакнуваат од Центарот за граѓански комуникации.

Оттаму нагласуваат дека некои институции купиле по неколку видови пакетчиња, поевтини и поскапи.

– Меѓу институциите кои купиле најскапи пакетчиња, покрај Општина Новаци, спаѓаат и Општина Битола по цена од 1.050 денари, Град Скопје по цена од 973 денари, М-НАВ по 853 денари и Министерството за одбрана по цена од 840 денари. Просечната цена што институциите ја платиле за едно новогодишно пакетче изнесува 566 денари, велат од Центарот за граѓански комуникации и додаваат дека поединечните цени и количините на купените новогодишни пакетчиња се познати само за оние институции кои имале тендер за оваа намена, но не и за останатите 37 кои купиле пакетчиња за пониска вкупна вредност од законскиот лимит за спроведување на тендер.

Од Центарот за граѓански комуникации појаснуваат дека како основа за пресметка на трошењата на институциите за новогодишни пакетчиња се земени податоците од вредноста на склучените договори за јавни набавки објавени на Електронскиот систем за јавни набавки.

– Нема податоци дали институциите ги купиле сите договорени количини на пакетчиња. Во истражувањето се вклучени сите договорни органи во Република Северна Македонија кои имале ваков вид на набавка во 2021 година, прецизираат од Центарот за граѓански комуникации.

 

новогодишни пакетчиња потрошиле Центарот за граѓански комуникации
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026Updated:June 16, 2026

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

ВЕСТИ June 16, 2026

Неколку ирански бродови поминаа низ зоната на американската поморска блокада во Оманскиот Залив, според иранските…

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

June 15, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.