Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За општество без предрасуди: Соживотот се поттикнува од мали нозе

0
By Нова ТВ on November 24, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 24, 2017 14:01

Премиерот Зоран Заев порача дека соживотот се поттикнува и се учи од мали нозе и на тој начин се создаваат генерации без предрасуди, млади луѓе кои ги знаат своите права, но и одговорности, кои критички размислуваат, преземаат акции за менување на нештата на подобро. Тој денеска на оваа тема говореше на промоцијата на Проектот за меѓуетничка интеграција на младите на образованието на УСАИД .

– Колку порано ги тргнеме бариерите на нивните патишта, по толку почист пат ќе одат и ќе може да се фокусираат на вистинските вредности. Тие вредности не се кој си, туку што носиме во себе, колкав потенцијал, каде може тој да се насочи за да им се обезбедат работни места според нивните капацитети, а со тоа и стабилна егзистенција. Тоа може да го препознаеме и насочуваме најмногу преку квалитативен, интегративен, образовен процес. „Општество еднакво за сите“ подразбира и образование еднакво за сите, рече Заев.

Според премиерот, проектот има исклучително важен придонес во процесот на образованието и воспитувањето на младите луѓе во духот на демократските вредности и мултиетничката кохезија кон што се развива земјава.

 

Американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли, рече дека проектот има за цел Македонија да се развие во енергично, разновидно и инклузивно општество.

– Разновидноста е една од најсилните страни на оваа земја. Таа е една од најсилните адути и на САД. Секое мултиетничко општество мора да научи дека сме ние посилни токму поради постоењето, а не поради отсуството на различноста, рече Бејли.

Посочи дека младите луѓе ќе го утврдат правецот по кој се движи долгорочниот развој на Македонија и оти ќе се соочат со многубројни предизвици, но важно е притоа да им се помогне да ги развијат алатките што ќе им бидат потребни за да ги анализираат и да одговорат на овие предизвици.

– Пред неколку децении, д-р Мартин Лутер Кинг Џуниор, рече: Нашиот опстанок зависи од нашата способност да останеме будни, да се прилагодуваме на нови идеи, да бидеме претпазливи и да се соочиме со предизвикот што го носат промените“, истакна Бејли, додавајќи дека целта на проектот е младите луѓе директно да ја почувствуваат важноста на толеранцијата и почитувањето на другите.

Министерката за образование Рената Дескоска истакна дека креативноста и воведувањето иновативни практики се предуслов за обезбедување на успешно образование, кое одговара на потребите на сегашноста, но и иднинатa.

– Свесни сме за неограничениот потенцијал, енергија и идеи на младите луѓе. Наша заедничка обврска е да го канализираме тој потенцијал, и да им дадеме можности и примери како истиот конструктивно да го искористат. Сакаме таа енергија да биде насочена кон развивањето на граѓански дух, и активно вклучување на младите во демократските процеси во училиштето, но и надвор од него, рече Дескоска.

Целта на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието е подобрување на меѓуетничката интеграција преку овозможување позитивни интеракции меѓу младите луѓе од различно етничко потекло на ниво на училиште и на ниво за заедница и негување на демократски и граѓански вредности и однесувања, како и волонтерски практики меѓу младите.

 

Проектот е петгодишна иницијатива вредна 5,8 милиони долари и во негови рамки ќе се остварува соработка со заинтересираните страни, како поддршка на напорите на Владата за зајакнување на етничката кохезија и граѓанските вредности.

Европската команда САД ќе работи во партнерство со УСАИД на овој Проект, обезбедувајќи 1,5 милиони долари за реновирање на училиштата во текот на следните пет години.

Бејли Дескоска Заев проект за соживот УСАИД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

ЕУ забрзува со четири кандидати, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија стои, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

ЕУ забрзува со четири кандидати, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

Фемицидот не почнува со убиството: Во Скопје регионален повик за систем што ќе ги препознава предупредувачките знаци

September 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.