Ова е воопшто прв документиран приказ за постоењето на големата црна дупка, позната како „Sagitarius А*“ или „Стрелец А*“ или уште како пулсирачкото срце на Млечниот Пат.

Црните дупки не испуштаат светлина, но сликата ја прикажува сенката на црната дупка опкружена со светлосниот прстен, кој е свиткан од гравитацијата на црната дупка. Астрономите велат дека црната дупка е 4 милиони пати помасивна од нашето Сонце и околу 9,5 трилиони километри оддалечена од земјата. 

На астрономите им требаа години да ја фатат и потврдат оваа слика и откритие.

Претходно, научниците набљудуваа ѕвезди кои орбитираат околу некој невидлив, масивен објект во галактичкиот центар.

Откритието беше овозможено од повеќе од 300 истражувачи од 80 институции кои работат со мрежа од осум различни радио – телескопи ширум светот, кои го сочинуваат телескопот „Event Horizon Telescope“ (EHT). Соработката во глобалната мрежа на опсерватории кои работат заеднички на посматрање на радио извори, поврзани со црните дупки. Проектот е почнат во 2012 година.  „Event Horizon Telescope“ на својот сајт објави дека овој резултат овозможува неодолив доказ дека објектот навистина е црна дупка и дава вредни траги за функционирањето на таквите „џинови“ за кои се смета дека се наоѓаат во центарот на повеќето галаксии и кои вшмукуваат се што ќе се најде во нивна непосредна близина.