Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За прво дете во Србија по 2.500 евра, Вучиќ со нова мерка за поттикнување на наталитетот

0
By НОВА ТВ Balaban on November 24, 2021 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За раѓање на второ и трето дете, Вучиќ потсети дека досега правило било за второ дете помошта од две години следува 10.000 денари месечно, за трето дете 12.000 динари месечно 10 години, а за четврто 10 години 18.000 динари месечно.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска ги претстави новите демографски мерки, од кои прва е зголемувањето на финансиската поддршка на семејствата за првороденото дете од 100.000 на 300.000 динари (2.500 евра).

Вучиќ откри дека се договорени мерки за поттикнување на наталитетот во Србија како дел од демографска политика.

– Полека исчезнуваме како народ, не има се помалку, а податоците покажуваат дека наталитетот е нешто над 1,5, а потребно е за едноставна репродукција 2.15. Сите светски експерти размислуваат за овој проблем со децении – изјави претседателот.

Вучиќ рече дека е договорено, без разлика што буџетот е веќе донесен во Собранието, од 1 јануари секое првородено дете, наместо 100.000 од државата да добива по 300.000 динари. Според него, тоа е првата мерка што треба да ги поттикне мајките, а ќе се комбинира и со многу други мерки.

За раѓање на второ и трето дете, Вучиќ потсети дека досега правило било за второ дете помошта од две години следува 10.000 денари месечно, за трето дете 12.000 динари месечно 10 години, а за четврто 10 години 18.000 динари месечно.

– Работиме на нови мерки за второ дете посебно и таа помош ќе биде зголемена – изјави Вучиќ.

– За студентите ја носиме мерката доколку девојка забремени и роди дете, за неа не важат испитните рокови, како и за сопругот, таткото, кој е студент. Ќе поставиме рокови за обичните факултети да завршат до 26 години, а медицинските до 28 години. Така, добиваме дека не мора да паузираат поради раѓање на дете и да ги пропуштат испитните рокови, туку секогаш ќе можат да полагаат без дополнителни трошоци и нова година – објасни тој.

Вучиќ рече дека се разговара за други мерки, а најважна е помош за купување стан.

– Таа мерка ја врзуваме за мајката, за да нема злоупотреба. Државата со неповратни средства ќе помага при купување станови, а правото на сопственост го има мајката. Ќе даваме меѓу 10.000 до 20.000 евра, со цел да ги мотивираме младите да ги напуштат домовите на нивните родители, бидејќи ако седат до 40 години со родителите, мали се шансите да основаат семејство.

Вучиќ посочи дека само мерката за зголемување на помошта за првороденото ја чини државата 5,7 милијарди динари, односно 50 милиони евра годишно.

2.500 евра Александар Вучиќ поддршка прво дете Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

ВЕСТИ October 6, 2025

Во египетското одморалиште Шаем ел Шејк почнаа индиректните разговори помеѓу делегациите на Израел и Хамас…

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.