Published: Thursday, November 3, 2016 14:30
Ирачката војска конечно влезе во ирачкиот град Мосул, кој две години беше под контрола на милитантите на ИСИС, пренесува Си ен ен.
Бригадниот генерал Тахсин Ибрахим од Министерството за одбрана на Ирак изјави дека војниците го освоиле источниот дел на градот, Интисар.
Ова се смета за најголем успех на офанзивата која започна пред две недели, а воедно е и првпат војската да стапне во Мосул од 2014 година, кога го освои ИСИС.
По овој успех, се очекува дека џихадистите ќе возвратат на ударот, а генералот Ибрахим порача дека ирачката војска е подготвена за тоа.




