Најмалку деветнаесет жени освоија места во општинските совети во Саудиска Арабија, што е првпат во историјата на оваа држава, жени да бидат избрани на политичка функција.
Локалните избори што се одржаа во саботата беа први на кои им беше дозволено на жените да гласаат и да се кандидираат, што се смета за чекор напред во бавниот процес на реформи во однос на правата на жените во ова конзервативно Кралство.
Вкупно 978 жени и речиси 6.000 мажи се кандидирале на изборите за 284 општински совети, а околу 131.000 жени за гласање, во споредба со 1,35 милиони гласачи мажи. Избраните жени се од различни делови на Кралството.
Првите општински избори во Саудиска Арабија се одржаа во 2005 година, по што во 2011 година се одржаа и парламентарни избори, но се до сега им беше дозволено гласање само на мажите.
Саудиска Арабија и натаму останува единствената земја во светот каде на жените не им е дозволено да возат.




