Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За работодавачите е неприфатливо да го платат и трошокот за ПЦР-тестовите и два слободни дена за вакцинација

0
By НОВА ТВ Balaban on November 23, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Фото: kapital.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 23, 2021 12:07

Најголемиот дел од компаниите и досега практикуваа мерки со кои го стимулираа вакцинирањето против Ковид-19, како што се: исплата на еднократна парична награда за вакцинираните работници, слободен ден за секој вакциниран, бесплатен превоз за вакцинација во Србија, на вакцинираните не им се одбива награда или бонус за отсуство во случај да заболат од Ковид -19, како и други стимулативни мерки.

Во услови кога вакцинирањето против Ковид-19 е бесплатно, а одредени работници сепак не ја користат оваа поволност, донесувањето на евентуална одлука од страна на Владата со која работодавачите би ги покривале трошоците за ПЦР тестовите за работниците кои не сакаат да се вакцинираат би била целосно нелогична, неоправдана и неприфатлива.

Дополнително, неприфатлив е и предлогот за платени два слободни дена за вакцинација на работниците, бидејќи со ова би се довеле во нерамноправна состојба оние работници кои веќе се вакцинирани, а за кои претходно не важела оваа поволност.

Ова се ставовите на членовите на Организацијата на работодавачите на Македонија (ОРМ), во врска со најавата за новите предлог мерки за невакцинираните работници предложени од страна на Комисијата за заразни болести кои треба да ги разгледува Владата.

Во време кога компаниите се соочуваат со голема неизвесност и се обидуваат да се обезбедат работа и опстанок на што поголем број работни места, предлогот со кој трошокот за тестирање на работниците кои не сакаат да се вакцинираат да падне на товар на работодавачите би претставувал големо и неоправдано дополнително финансиско оптоварување за компаниите.

ОРМ предлага Владата да преземе други мерки со кои би се стимулирала имунизацијата на населението, а не целокупниот товар да се префрла на компаниите кои досега доследно ги спроведуваа сите одлуки на надлежните државни органи и во целост обезбедуваат примена на протоколите и превентивните мерки за заштита од Ковид-19 во текот на работниот процес. За да го поттикне вакцинирањето Владата би можела на пример да воведе различен износ за боледување за вакцинирани и невакцинирани работници, во случај тие да се разболат од Ковид -19.

Инаку, најголемиот дел од компаниите и досега практикуваа мерки со кои го стимулираа вакцинирањето против Ковид-19, како што се: исплата на еднократна парична награда за вакцинираните работници, слободен ден за секој вакциниран, бесплатен превоз за вакцинација во Србија, на вакцинираните не им се одбива награда или бонус за отсуство во случај да заболат од Ковид -19, како и други стимулативни мерки.

вакцинирани неприфатлив Организацијата на работодавачите на Македонија ОРМ предлогот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.