Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За рекордни час и половина продадени два концерти на битолскиот Камерен Оркестар во чест на Тоше Проески и Аки Рахимовски

0
By Mirjana on February 18, 2022 КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 18, 2022 16:06

Четврта година по ред, Центарот за култура од Битола, својата нова сезона ја започнува со Концертот „Засекогаш во срцата„ кој го организира со Камерниот оркестар на Битола, а посветен е на споменот на големиот Тоше Проески. Оваа година, смртта на Аки Рахимовски, кој патем минатото лето во Битола со истиот оркестар го имаше еден од своите последни концерти, беше причина повеќе овогодинешниот концерт да биде посветен и на Тоше и на Аки, двете музички ѕвезди кои повеќе не се меѓу нас, а музицирале и на сцената на Центарот за култура и со битолскиот камерен оркестар со кој диригира Владимир Димовски.

Заради огромниот интерес, наместо еден, беа најавени два концерти кои вечерва и утре ќе се одржат во Битола, а минатата недела, само што се најави продажбата на билетите, тие за неполн час и половина се распродадоа.

На концертот гости ќе бидат: Каролина Гочева, Ламбе Алабаковски, Димитар Андоновски, Александра Јанева, Александар Тарабунов, Јана Бурчевска, Виктор Апостоловски, Нико Ѓоргиевски, Бојан Стојков, а на сцената ќе биде и хорот на Државното музичко училиште од Битола, чиј ученик беше Тоше Проески.

Ова беше повод и за денешниот прес, кој директорката на Националната установа Центар за култура, Маја Андоновска Илијевски го искористи и да ја најави целокупната програма која е планирана за оваа установа и штотуку потврдените проекти кои ќе ги поддржи Министерството за култура за календарската 2022. 

„Од областа на драмската дејност поддржан е 23-тиот по ред Фестивал на монодрама со 600.000ден, од областа на музичката и музичката сценска дејност поддржани се неколку проекти: Новогодишниот концерт со 250.000ден, гостување на балетот „Госпоѓиците од Авињон„ со 50.000ден, концертот на Симфонискиот оркестар на НУ Филхармонија со 50.000ден, 14-тото издание на Фестивалот на музика од светот со 850.000ден, концертна промоција на албумот “Нова ера” на Николче Мицевски со 200.000ден, традиционалниот концерт „Засекогаш во срцата„ со 350.000ден. Од областа на фолклорот поддржано е издавање на носач на звук на КУД Стив Наумов Битола со наслов „Јас и Битола„ со 120.000ден,  Семинар за традиционална музика и игра кој се одржува годинава по 14 пат со 300.000ден, 52-то издание на Илинденски денови интернационален фестивал на народни игри и песни со 2.200.000, поддржани се и 6 изложби: Интеграли на Илија Маџаров со 60.000ден, Државната изложба на детски ликовни творби „Народната култура како трајна инспирација во моето творештво„ со 70.000ден, традиционалната ликовна работилница за деца со 60.000ден, фото конкурс и изложба на уметничка фотографија 40.000ден, проектот „Видна мистерија„ на Љубе Алексовски со 50.000ден и Македонска резба на Веселин Поповски со 40.000ден.

Добивме и средства за инвестициско одржување, односно да поставиме подни плочки во горното фоаје, кое има дотраен под со што и овој дел ќе може естетски да се уреди за настани кои заслужуваат убав простор во нашата институција. Оваа поддршка е во вредност од 200.000ден„ – истакна директорката на Центарот за култура во Битола на денешниот прес.

КОНЦЕРТИ ВО БИТОЛА ВО ЧЕСТ НА ТОШЕ И АКИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.