Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За тешки кривични дела ќе следат уште потешки казни, познати контурите на новиот Кривичен законик

0
By Соња Крамарска on July 7, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најдоцна до утре на ЕНЕР ќе биде ставена драфт верзијата на новиот Кривичен законик со кој во целост се ревидира казнената политика. Во изготвувањето на законскиот текст учествуваа претставници од академската заедница, од судството, јавното обвинителство, Министерството за правда, невладини организации, МВР и други засегнати страни.

Во периодот кој следи, секој ќе има можност да се запознае со законските одредби, ќе се организираат јавни расправи, дебати, по што дел од забелешките ќе бидат инкорпорирани во конечното законско решение.  „Одлучивме, концепциски тоа да биде на линија или согласно стратегијата за реформа на правосудниот сектор, да не се оди сегментарно во измените на Кривичниот законик, туку напротив, да се донесе комплетно ново законско решение кое ќе ги опфати сите сегменти на општественото живеење“, рече на прес конференција министерот за правда Никола Тупанчески.

Со новиот Кривичен законик, како што дополни Тупанчески, ќе се остави можност за индивидуализација на казните од областа на злоупотреба на службената положба, особено во делот на јавните набавки, конфискација на имот, еколошкиот криминал и други кривични дела. Во изработката на Кривичниот законик помогнале меѓународни експерти.

Во работната група за подготовка на законот учествувале 40 членови од повеќе засегнати институции, под водство на академик Владо Камбовски. Објаснувајќи ги измените министерот Тупанчески рече дека ќе бидат отстранети некои недоследности кои досега се провлекувале во законот.

„Се судиравме со апсурди за лесни кривични дела да има тешки казни и обратно за тешки кривични дела да има благи казни, и затоа комплетно е ревидиран системот во однос на санкциите. Главниот стандард е хирурши прецизно да се одреди квантитетот и квалитетот на правото“, рече Тупанчески. (С.К.)

Никола Тупанчески нов Кривичен законик
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.