Published: Monday, November 20, 2017 23:05
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе ја врати Северна Кореја на листата на држави кои го „спонзорираат тероризмот“, што ќе значи нови санкции за таа земја. Овој потег Трамп го објави денеска за време на состанокот со неговиот кабинет во Белата куќа.
Тој, исто така, рече дека Министерството за финансии утре ќе објави нови економски санкции против Северна Кореја.
– Требаше да го направиме тоа многу одамна, рече Трамп.
Северна Кореја беше отстранета од таа листа во 2008 година од страна на тогашниот американски претседател Џорџ Буш.




