Два одвоени воени конвоја без видливи воени или државни ознаки се движеа во правец од руската граница кон украинскиот град Доњецк , изјави неименувани сведоци за агенцијата „Ројтерс“.
Во еден од нив се наоѓале девет тенкови и оклопен транспортер, додека во вториот имало камиони и цистерни за гориво, јави репортер кој се наоѓа на територија под контрола на сепаратистите.
Украина денеака прогласи вонредна состојба и им порача на своите граѓани во Русија да бегаат од државата, додека Москва почна со евакуација на својата амбасада во Киев, согласно најновиот развој на ситуацијата поради која Украинците стравуваат од општ руски воен напад.
„Си-Ен-Ен“, од друга страна, известува дека високо позициониран службеник во Пентагон известил оти „руските трупи околу Украина достигнале речиси 100 отсто борбена подготвеност“, па таа институција очекува инвазијата може да се случи во секој момент.
„Рускиот претседател Владимир Путин веќе премести широк дијапазон на воена техника на границата со Украина, вклучувајќи и „значителни офанзивни ракетни способности“, рече високо официјално лице кое инсистирало на анонимност.
„Путин има повеќе од 20 воени бродови во Црно Море. Најголем дел од нив се површински бродови“, истакна тој и додаде „Питон има на располагање крстосувачки ракети, балистички проектили, оклопни сили, артилерија, пешадија и спедијални единици“.




