Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заборавениот Исус на да Винчи продаден за 450,3 милиони долари

0
By Нова ТВ on November 17, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 17, 2017 13:30

“Салватор Мунди” на Леонардо да Винчи во средата во Њујорк беше продаден на 450,3 милиони долари. Со тоа оваа слика на славниот Фиренчанец ги надмина сите рекорди и стана најскапиот уметнички предмет во светот.

“Салватор Мунди” го претставува Исус кој со десната рака благословува а во левата држи кристална топка. Темата беше популаризирана кај северно-европските сликари како Јан Ван Дајк, Ханс Мемлинг или Албрехт Дурер.

Продажбата се одвиваше во славната сала за продажба “Кристи’с” а продажбата траеше 19 минути со наддавање помеѓу пет лица од кои едно беше присутно во салата а другите ги кажуваа своите цени по телефон. Почетната цена беше 100 милиони долари и со наддавањето достигна асттономски 450.3 милиони долари. Новиот сопственик останува анонимен и најверојатно ќе остане анонимен.Па оттука, љубителите и познавачи на уметноста се прашуваат дали еден ден јавноста ќе може да му се восхитува на ова дело во некој од светските музеи.

Претходниот рекорд на продажба на уметничка слика на класичната уметност, во 2002 година, делото “Масакрот на невините” на Рубенс, изнесуваше 105 милиони долари.

За богатите колекционери на уметнички дела во светот, денес повеќе вредност има модерната уметност. Така “Жените на Алжир” на Пикасо достигна цена 179,4 милиони долари а “Легната гола” на Модиљани 170.4 милиони долари.

“Салватор Мунди” датира од 16 век а димензиите се 65,6 × 45,4 цм. На почетокот сликата била дел од кралската колекција во Англија но потоа се губи нејзината трага во текот на 137 години. Таа се појавува во 1900 година, купена од англискиот бизнисмен Франсис Кук. Но сликата е оштетена, врз неа се додадени неколку слоја бои и во тоа време се смета за дело на некој од учениците на Леонардо да Винчи. Во 1958 година Кук ја продава сликата за одвај 45 британски фунти што во денешна вредност изнесува стотина евра.

Сликата се појавува за време на една продажба во Америка каде што ја купува трио познавачи на уметноста и ја даваат на чистење. Додадените слоеви боја сепак и нанеле непоправлива штета на сликата. При чистењето панел експерти открива дека сликата е дело на самиот мајстор Леонардо па така таа наоѓа место во славната Национална галерија во Лондон.

Потоа, триото сопственици на сликата ја фиксираат цената на 200 милиони долари но рускиот олигарх Дмитри Риболовлев во 2013 година успева да ја купи за 127,5 милиони евра. И тука се појавува проблем. Риболовлев ја купи сликата со посредство во еден швајцарски трговец кој ги раководи светските складишта преку кои се избегнува плаќањето на даноци за уметнички дела. Швајцарецот му ветил на Риболовлев дека ќе му помогне да добие уметничка колекција вредна 2 милијарди долари. Но во меѓувреме Риболовлев открива дека Швајцарецот врз него заработува огромни суми пари и тогаш почнува судски процес што се уште е во тек а сликата замина на продажба во Њујорк. Каде што “Салватор Мунди”  стана најскапото уметничко дело на светот.

 

450 милиони долари Леонадро да Винчи Салватор Мунди
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.