Лидерите на земјите членки на ЕУ кои се сретнаа на Малта зазедоа страни околу тоа, кој Доналд ќе го поддржат – Туск, кој претседаваше со Самитот или Трамп, новиот американски претседател.
Иако јавно говорат за единство, државите од ЕУ се поделени околу тоа како да одговорат на извршните мерки на Трамп кој ја повлекува повоената американска поддршка за европската интеграција и им советува на другите држави по примерот на Велика Британија да излезат од таа организација за која тврди дека им служи на германските интереси, пренесуваат агенциите денеска.
Поранешниот полски премиер сега претседавач на Европскиот совет, Доналд Туск, откри дека европските лидери му дале прекар “нашиот Доналд“. Тоа тој го сфатил како знак на нивна поддршка на неговата изјава што ја даде пред самитот, во која предупреди дека Трамп заедно со Русија и Кина и насилниот ислам се закана за ЕУ.
-Расположението во салата беше околу „нашиот Доналд“ и „другиот Доналд“, изјавил за агенциите неименуван функционер присутен на разговорите, на кои Туск се чувствувал доволно самоуверен да ја потврди и кандидатурата за втор мандат на чело на Европскиот совет.




