Бројот на смртни случаи од коронавирусот во Бразил во последните 24 часа се зголеми за 1.005 и сега изнесува вкупно 35.026, соопшти бразилското Министерство за здравство.
Во изминатото деноноќие се пријавени и 30.830 новозаразени лица кои вкупната бројка на новозаразени се искачи на 645.771.
Бразил е втора земја во светот по бројот на заразени по САД и четврта по бројот на починати по САД, Велика Британија и Италија.