НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев до Мицкоски: Израдувајте се барем еднаш за НАТО и ЕУ

0
By Нова ТВ on July 7, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во генерално мирната дебата на Македонската радио телевизија, лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, не се согласија за ништо, па и за надворешната политика. Во делот посветен на договорите со Бугарија и Грција, Заев зборуваше дека тоа е влог во иднината и врвен акт на патриотизам, додека за Мицкоски сето тоа било капитулација и понижување на македонскиот народ.

Заев на неколку пати се вртеше кон камерата за да им се обрати директно на граѓаните, наместо да гледа кон Мицкоски, па и кога зборуваше за договорите со Грција и Бугарија.

„Господинот Мицкоски вели дека ќе ги поништува договорите. Ние со тие договори го потврдивме Гоце Делчев како Македонец и револуционер, но и како човек којшто гледал на светот како поле за културен натпревар на народите. Тоа е мудроста во политиката којашто ја имаме ние и којашто носи успеси. Ние го донесовме македонското знаме пред НАТО, а ќе го донесеме и пред Европската унија. А при тоа ќе донесеме и плати и пензии, нови инвестиции, работни места. Ќе ја донесеме Европа дома за да останеме дома. Сето друго е само закана, изолација, горчина, гнев и уназадување на државата“, им се обрати Заев директно на гледачите.

На ова Мицкоски реплицираше дека сѐ што кажал Заев ниту е реално ниту вистинито. „Вие ја оковавте во пранги и Македонија и вашата партија. Денеска вие со вашата политика успеавте да нѐ направите енклава на Балканот“. Според него, тоа време завршувало и на 15 јули на власт „доаѓаат прогресивни сили кои знаат како да ја одведат Македонија таму каде што треба, а тоа е полноправно членство во ЕУ без да оди со свиткан ‘рбет“.

Заев, кој изгледаше многу посмирен (исто како и Мицкоски) за разлика од првата нивна дебата полна со кавги на ТВ24, зборуваше дека со договорите со Бугарија и Грција Македонија докажала дека може да биде пријател со сите. „Со тие договори е загарантирана иднината на Македонија, на македонскиот идентитет и македонскиот јазик. Докажавме дека можеме да бидеме Европејци“, ги повтори познатите тврдења Заев и уште додаде дека „сѐ друго што се нуди е одење во изолација, шовинизам и лажен национал-патриотизам“. Мицкоски на ова одговори дека употребата на зборот шовинизам требало да биде повнимателна, затоа што шовинизам е „кога ја напаѓате Силјановска, Рашела, Тамара, а одите дури и чекор понатаму“.

Мицкоски уште зборуваше дека Заев и неговата партија донесле само срам и понижување. „Ние денеска се срамиме кога шетаме низ Брисел затоа што вие имавте две ипол години за да ја оправдате довербата. Не само што не успеавте, туку напротив, потпишавте капитулација и ги избришавте сите оние жртви на генерациите за нашата независност“.

„Израдувајте се барем еднаш“, му велеше заев на Мицкоски. „За НАТО не аплаудиравте. Европската комисија ја усвои преговарачката рамка. Во офоцијалниот документ напишаа македонски јазик. Македонски напишаа. Како да ви напишат? На небото ли да ви напишат македонски. Израдувајте се! Вие се радувате ако некој нѐ закочи. Никој нема да нѐ закочи. И кажете – ќе ги поништувате ли овие договори или не?“, го праша Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го повтори вече познатиот став дека „би биле лицемери ако ја игнорираме реалноста“. Велејќи дека не може да се сложи со нешто што Заев го потпишал за пари и власт, Мицкоски додаде дека „ќе дадеме сѐ од себе да ги исправиме сите грешки што ги направи оваа власт со капитуалацијата. Дали ќе успееме – не знам“.

Зоран Заев Христијан Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.