Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: ДУИ има убава работа да соопшти во сабота

0
By Ivana on June 3, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев денеска не одговори на прашањето дали неговата партија и ДУИ на локалните избори ќе настапат со заеднички кандидат за градоначалник по информациите во јавноста што произлегоа по вчерашната изјава на лидерот на ДУИ Али Ахмети дадена во Липково дека на 5 јуни (сабота) ќе излезе со „платформа која првично ќе биде дискутабилна и со големи дебати како што се дебатираше за првиот албански премиер“.  Тој потенцираше дека ДУИ има убава работа да соопшти во сабота, без да навлегува во детали, и оти таа е во целосна корелација со работењето на Владата.

– Јас ќе ви кажам тоа што го знам, а секако сум информиран од мојот прв потпретседател во Владата.  ДУИ има убава работа да соопшти во сабота. Убава е заради тоа што е во целосна корелација на работењето на Владата. Убава е заради тоа што е модерна и затоа што е соодветна на 21. век. Мене ме бендисува што вака се размислува во највисоките органи и тела на ДУИ. Јас ќе оставам ДУИ да соопшти затоа што тоа е нивна агенда, нормално споделена со нас, рече Заев денеска по настанот во Клиничкиот центар во Скопје.

Според него, во тоа што ќе соопшти Ахмети ќе бидат препознаени голем број од државните политики кои биле вградени навремено согласно новата агенда која што ја има ДУИ.

– Јас верувам, сето тоа е во духот на унапредување на севкупниот политички амбиент во државата. Драго ми е што, еве ние направивме сериозни промени во СДСМ, непосредни избори, 50 отсто жени, 50 отсто мажи, поголема застапеност на младите итн., возобновивме доста нови лица, а тоа ДУИ што го прави навистина е освежување и убава новина, ама секако тоа е право ДУИ да го соопшти, така што нема да навлезам во деталите внатре, рече Заев.

Од ДУИ денеска нема коментар за најавите на Ахмети од Липково, туку само најава дека претседателот на партијата по повод 19-годишнината од основањето на партијата, на 5 јуни во сабота, во 12:00 часот, ќе им се обрати на граѓаните преку социјалните мрежи и ќе ја пренесе пораката упатена до сите членови на партијата и воопшто до сите граѓани на нашата земја.

ДУИ Заев избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.