Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев и Борисов заеднички ќе ја одбележат годишнината од Холокаустот

0
By Нова ТВ on March 12, 2018 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев и бугарскиот премиер Бојко Борисов кој денеска ќе допатува во Скопје, ќе имаат обраќање, по заедничкото положување цвеќе на споменикот на 7.144 македонски Евреи, во рамки на одбележувањето на 75. години од депортацијата на македонските Евреи во логорот Треблинка.

Активностите во Скопје започнуваат со „Маршот на живите“ од пред Музејот на Град Скопје и ќе заврши кај зградата на поранешниот Монопол сега Империал Тобако. На маршот се очекува да се приклучи и премиерот Заев заедно со претседавачот на Советот на министри на БиХ Денис Звиздиќ, кој е во официјална посета на Македонија. Во центарот на Скопје се очекува на маршот да му се приклучи и бугарскиот премиер Борисов.

По пристигнувањето кај споменикот посветен на депоратиранитеЕвреи, делегациите и претставниците на здруженијата на Евреите и други ќе положат цвеќе, по што ќе следуваат обраќања на премиерите Заев и Борисов и претседателката на Еврејската заедница во Македонија Романо Николиќ. Потоа делегациите ќе се упатат кон Собранието на Република Македонија да ја проследат пленарната седница посветена на депортацијата на Евреите во логорот Треблинка.

Бојко Борисов е првиот бугарски премиер кој ќе учествува на одбележување на годишнина од депортацијата на Евреите од Македонија. Во официјалната бугарска делегација најавесни се и претставници на еврејската заедница во Бугарија.

На одбележувањето на 75. години од депортацијата на македонските Евреи најавено е и присуство на министерот за надворешни работи на Полска Јацек Чапутович, кој заедно со министерот за надворешни работи на Македонија Никола Димитров ќе положат цвеќе пред споменикот депортираните Евреи.

Активностите за одбележување на 75. годишнината од Холокаустот на македонските Евреи во Втората светска војна започна вчера во Битола, Штип и Скопје.

Борисов годипнина Заев Скопје Холокауст
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.