Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Ќе продолжи отстранувањето на дивоградбите од крајбрежјето на Охридското Езеро

0
By Biljana on July 24, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Владата Зоран Заев денеска од Охрид рече дека уривањето на дивоградбите во Охридскиот регион мора да се спроведува согласно законите и со запазување на предвидените постапки, најавувајќи дека процесот на отстранување на илегално изградените објекти на крајбрежјето на езерото ќе продолжи. За самиот процес тој рече дека воопшто не е лесен, оти постојат одредени судски решенија што го усложнуваат, но дека инситутциите на сите нивоа остануваат фокусирани на исполнување на предвидените постапки.

„Слободата и демократијата живеат и се слават во нашата земја…Навистина ги следиме законите. Централната власт е во позадина, со поддршка не само во изјавите, туку и финансиски поддржуваме и се. Затоа што во моменти кога доаѓате на вакви предизвици повторно ја централизирате власта заради било кој изговор, тоа е лоша порака за граѓаните. Наша намера е да додецентрализираме, да пуштиме дополнително нови надлежности, па дури и тие што ги има кај градоначалникот и Советот да ги пуштиме на месните заедници, до таму, до граѓаните да стигнат. И од тој аспект сакаме согласно законите да се тераат сите постапки“, рече тој.

Премиерот со пофални зборови за се она што го има направено охридската локална власт во справувањето со проблемот на дивоградбите.

„Не е лесно, некаде имате фалирање на судови како второстепени истанци затоа што се прават потези, не знам за исклучување на струјата, надвор од законот или било што и ќе ја врати постапката. Затоа мораме сите институции согласно своите надлежности да бидеме фокусирани. Локалната власт овде во Охрид си ја врши својата работа, централната власт си ја врши својата работа, а може судската да промаши во одредени делови. Но, бев на увид како се прочистени плажите и навистина кога го гледате тоа како слика, тогаш гледате како се враќа природата, како се враќа тоа што е културното и природно богатство на Охрид и Охридското Езеро, на крајбрежјето. Јас верувам дека чекор по чекор ќе продолжиме така. Во иднина општината, веројатно после локалните избори ќе изработи детален план согласно деталниот план којшто го прави државата ќе направи детално планско планирање како да се организира целиот тој дел на сервисирање на услуги на граѓаните покрај плажите, ама ќе биде согласно УНЕСКО, ќе биде со ред и поредок и на тој начин ќе си го чуваме тоа што е највредното – Охрид нормално, а истовремено ќе дадеме можност економскиот и туристичкиот живот бидат наше секојдневие“, рече Заев.

дивоградби Охрид Унеско
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.