Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Коалицијата „Можеме“ е победничка, имаме предност од три мандати

0
By Нова ТВ on July 16, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Коалицијата „Можеме“ е победничка на парламентарните избори, со предност од три пратенички мандати пред ВМРО-ДПМНЕ, а со можност за уште еден или два повеќе, порача вечерва претседателот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференција.

-Можеме и тоа како можеме. Успеавме народе мој со убедлива и стабилна предност во моментов од над три пратенички мандати пред ВМРО-ДПМНЕ, со можност за еден или два уште повеќе, нашата коалиција „Можеме“ е победничката коалицијата на овие парламентарни избори, најголемата, најразноликата,  најмоќната и победничката, тоа е „Можеме“, рече Заев.

Нагласи дека волјата на нардото се потврдила. -Излегоа граѓаните  и гласаа за сигурна иднина за заедништво и солидарност, за економски патриотизам, за ред и правда. Излегоа граѓаните и избраа подобро денес  и подобро утре.  Патот напред е потврден, на опасноста и кажавме јасно не, додаде Заев.

Истакна дека имавме избори, кои и доликуваат на земја-членка на НАТО, која граби кон ЕУ. Изборите ги оцени како достоинствени, слободни, демократски, безбедни и современи.

-Ви благодарам на сите кои денеска бевте активни учесници  во ова ново поглавје  од современата македонска демократија , сите вие кои излеговте на овие избори, сите вие кои го остваривте вашето избирачко право  и кои учествувате во враќањето на капацитетите на институциите  и сите кои презедовте одговорност. Ви благодарам на сите, рече претседателот на СДСМ.

Изрази задоволство што граѓаните ги препознале вистинските  вредности и им дале можност  да ги продолжат нивните прогресивни заложби  за убава иднина на земјата.

-Денеска концептот парите кај граѓаните  го порази концептот  обнова на режимот. Концептот на интеграција го порази концептот на изолација. Концептот што влече силно напред  го порази концептот што сакаше да  враќа назад. Концептот едно општество за сите  ги порази лажниот патриотизам , конфликтите и поделбите. Време е сите мрачни назадни концепти  да завршат во неповратно минато, а партиите кои нудеа вакви поразителни политики  да започнат процес на реформирање на обновување, истакна Заев.

Нагласи дека со поддршката што ја добиле граѓаните ги задолжиле со голем одговорност.

-Патот   е исправен, но мора да се работи  уште повеќе и уште подобро.  Ве уверувам дека ќе продолжиме тоа да го правиме  и во иднина со многу научени лекции  за нас и со големи проблеми  решени и оставени зад нас. Следуваат раст на платите и враќање на парите  на граѓаните уште повеќе. Следува масовно чистење на воздухот, водата и почвата  следува еко држава, следува уште поголема грижа за сите граѓани, на кои им е потребно. Подаваме рака  на секој на  којшто му  треба поддршка и помош. Следува уште подобра заштита на вашето, на нашето, на јавното  здравје. Следуваат преговори со ЕУ и конечно народе мој следува правда, рече Заев.

Зоран Заев СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.