Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Кога економијата работи за граѓаните наместо за режимот, растат платите и економскиот стандард

0
By НОВА ТВ Balaban on October 2, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Освен растот на платите, Владата се заложи и за подобрување на условите за живот на сите граѓани, па така во овие пет години има раст и на социјалната помош за цели 300 отсто, кажа премиерот Зоран Заев.

 
Владата на Република Северна Македонија во изминатите четири години се фокусираше на зголемување на стандардот на граѓаните и условите за живот во земјава. Уште од првиот ден, со макотрпна работа фокусот се стави на растот на платите, а резултатите од тоа се гледаат денес.
Актуелната влада предводена од СДСМ, парите од државниот буџет наместо во промашени и партиски проекти како Скопје 2014, реши да ги враќа назад кај граѓаните. Освен тоа и целата економија ја насочи да функционира за обичниот граѓанин, наместо за фамилијата на власт. Со растот на платите во образованието и здравството се исправија неправдите кои овие клучни сектори за успешно функционирање на државата ги трпеа со години.
Нивните плати беа усогласени согласно минималната плата на национално ниво, со што реално се пораснаа. Економскиот стандард на граѓаните се подигна со растот на минималната и просечната плата. Минималната плата порасна за 60 отсто или шест илјади денари во мандатот на СДСМ и сега таа изнесува над 15 илјади денари. Само за споредба, минималната плата пред само 5 години беше нешто над 9 илјади денари. Растот на минималната плата предизвика раст и на сите плати во земјава. Поради тоа, просечната плата е во постојан раст и е неверојатно блиску до 500 евра. Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната плата сега го достигна нивото од 28.540 денари.
Освен растот на платите, Владата се заложи и за подобрување на условите за живот на сите граѓани, па така во овие пет години има раст и на социјалната помош за цели 300 отсто. И се ова се случува во период кога земјава, но и целиот свет е зафатен од пандемија на коронавирусот, кога многу економии крахираа и не го издржаа притисокот. Со вистинските и навремени мерки, Владата излезе во пресрет на бизнисите, но пред се на граѓаните за време на кризата предизвикана од коронавирусот со што се спасија работните места и се помогна во побрзо заздравување на економијата.
Од почетокот на кризата Владата донесе шест економски пакети на мерки за поддршка на дејностите кои беа целосно затворени со цел превенирање на ширењето на коронавирусот во текот на месец април 2021, како и за подобрување на ликвидноста на компаниите кои инвестираат во текот на 2021 година. Сепак, дури и во време на криза, опозициската ВМРО-ДПМНЕ во борба за ситнополитички поени се одлучи да го блокира носењето на дел од овие мерки во Собранието на Република Северна Македонија.
„Сега му текна на господинот Мицкоски дека патриотизмот бил нови инвестиции, нови работни места, добро утро господине Мицкоски, ние веќе го правиме тоа, работевме кон плаќање придонеси, кон зголемување на просечната и минималната плата, враќање пари од мој ДДВ, тоа е вистинскиот пат инвестирање во луѓето и граѓаните, а не во спомениците“ кажа премиерот Зоран Заев.
граѓани економијата Зоран Заев плата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
ФОКУС

Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

ВЕСТИ October 13, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп, како и медијаторите Египет, Катар и Турција, попладнево го потпишаа договорот…

Тел Авив: Ослободени сите живи заложници од Газа

October 13, 2025

Хамас започна со ослободување на заложниците во Газа

October 13, 2025

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

October 12, 2025
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.