Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Маршираме за враќање на државата во рацете на граѓаните

0
By Нова ТВ on October 11, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, October 11, 2016 16:34

На крајот на маршот пред граѓаните од говорницита им се обрати лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој рече дека маршот е глас кој најавува враќање на слободата, демократијата, правдата, враќање на државата во рацете на граѓаните. Во продоложение дел од обраќањето на Заев.

„Ние граѓаните склучивме сојуз, поединци, групи, граѓански здруженија, шарени, леви партии, Македонци, Албанци, Турци, Срби. Роми, Бошњаци, ние граѓаните на Македонија го кренавме нашиот глас.

Се  излеавме илјадници, на денот на народното востание, на денот на народната борба, марширавме во чест на скопскиот , прилепскиот, битолскиот, кичевскиот партизански одред.

Нашето оружје е нашиот глас. Се бориме и ќе се избориме за слобода, правда, правичност и еднаквост. Дојде време да и дадеме ветување на Република Македонија.

marsh-1

Маршираме за враќање на државата во рацете на граѓаните, ја одземаме од фамилијата на Никола Груевски, марширавме за враќање на парите кои ги украдоа. Ќе ги вратиме до денар, се што украдоа.

Денес марширавме за достоинствени плати од кои ќе се живее, а не ќе се преживува, за задоволни работници и силни претпријатија. Од каде пари? Од таму пари, ќе ги вратат украдените пари, има се да вратат.

Буџетот после декември ќе се полни од парите на граѓаните украдени и однесени во рајските земји. Марширавме за деца да не просат по улици, семејства да не гладуваат, да не плачат по автобуските станици, за покрив над секоја гласа, за здравство кое лечи, а не убива, за државен систем кој помага, а не повредува.

slika-marsh

И 11 октомври 2016 ќе биде врежан со црвено, зошто и генерациите како и тие од 1944 со својата одлучност, храброст и решителност се кренаа во одбрана ан идеалите, вистина и правдата, во одбрана на нашето достоинство и на нашите деца.

Како што беше одбранета Македонија и ние ќе се одбраниме себе си и граѓаните на Република Македонија.

Испишуваме историја, рушиме режим, а си ја враќаме слободата. Денешниот марш е марш на нашиот глас, гласот кој што победува. Придружете се, победува граѓанска Република Македонија“, рече Зоран Заев.

граѓански марш Зоран Заев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.