НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Меѓу првите ќе ја примам вакцината за Ковид-19

0
By Нова ТВ on December 15, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека ќе ја прими ковид вакцината со цел преку личен пример да даде поддршка во напорите за сузбивање на Ковид-19.

– Штом биде достапна вакцината во земјава први ќе ја примат лекарите, медицинскиот персонал и сите други на првата линија во борбата со пандемијата, а потоа хронично болните, возрасните граѓани, вработените во градинките и останатите на приоритетната листа утврдена од здравствените власти. Потоа како и многумина граѓани ќе се вакцинирам и јас, затоа што сакам со свој личен пример да дадам поддршка во напорите за сузбивање на Ковид-19, рече Заев на прес-конференција во Владата.

Нашата држава, истакна, го следи секој чекор на развој од сите клинички студии за вакцината.

– Верувам во безбедноста на вакцината и во тврдењата на научниците дека со неа ќе се подигне имунитетот на луѓето. Граѓаните треба да бидат спокојни, државата нема да штеди за оваа намена, рече Заев, додавајќи дека верува оти следната година ќе ја сменат целокупната слика за пандемијата во светот.

Преку Ковакс механизмот, информира, обезбедиле 833 илјади вакцини. Дополнителни количини, како што посочи, ќе бидат обезбедени преку директните преговори со компаниите за кои создаваат услови и кои компании ги создаваат вакцините, како и преку Европската унија која ќе обезбеди дополнителни 100 милиони дози за земјите од Европа, надвор од ЕУ.

– Западен Балкан ќе биде вклучен во набавката на вакцината што ќе ја спроведе ЕУ за нејзините земји членки, а нашиот сосед Грција интензивно работи да ја добиеме вакцината заедно со останатите европски држави. Понудија помош Бугарија, Полска, и многу други земји, рече Заев.

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека на почетокот на јануари ќе стигнат фрижидерите за температура на -70 степени кои ќе бидат донација и ќе бидат дел од веќе постојниот систем на чување и дистрибуција.

– Подготовката за прием, дистрибуција и вакцинација се одвива со одлична динамика. Направивме посети на економските оператори кои се нафатија да бидат дел од нашиот систем. Се одзваа сите компании кои работат во системот на чување и дистрибуција на вакцини, има сосем солидни услови, рече Филипче.

Нагласи дека се активни на три полиња за набавка на вакцини. Едниот, како што посочи, е ковакс системот преку кој се набавиени над 800 илјади дози за 400 илјади граѓани.

– Денеска на седница на Влада помина информацијата со која УНИЦЕФ се вклучува во помошта во делот на склучување на договорите и транспорт на вакцините до нашата земја од тој прозиводител кој ќе биде одреден од страна на ковакс системот, посочи Филипче, додавајќи дека во петокот разговарале со грчкиот министер за здравство кој укажал дека нашата земја може да смета на дел од првата количина која ќе стигне и ќе биде дистрибуирана во Грција.

Третиот механизам, додаде тој, е преку понудата на канцеларијата на европската делегација кај нас за што имаат интензивни разговори и разговорите кои ги иницирале и се во тек со Фајзер и Астра Зенека како директни разговори и преговори.

Вакцините, потсетува, ќе бидат бесплатни за сите граѓани, а приоритет ќе имаат здравствените работници, постарите граѓани над 60 години и пациентите со хронични кардиоваскуларни и белодробни болести.

– Апелирам граѓаните да не подлегнуваат на лажните вести и бројните дезинформации во однос на вакцините. Вакцините се безбедни, тестирани, ја поминале вообичаената фаза и на развој, тоа се практично истите платформи на кои се развиваат вакцините за сите други болести и секако административната дозвола подразбира контрола на многу процеси во делот на производство и секако клиничките студии. Примарната цел е заштита на населението и пред се намалување на смртен исход од заболувањето со Ковид-19, додаде Филипче.

Одговарајќи на новинарско прашање Филипче рече дека засега не се препораува вакцинирање на деца и луѓето кои имаат прележано Ковид и имаат антитела.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025
ФОКУС

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

ВЕСТИ August 13, 2025

Израелската војска денеска повторно го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање, при што уште 123…

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.