https://www.youtube.com/watch?v=RNFiWKLtOgs&feature=youtu.be
По повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата, Претседателот на Владата на Република Македонија имаше видео обраќање до граѓаните и истакна:
„Корупцијата е корозија на секое општество и закана за иднината и за квалитетот на живот на сите граѓани. Коруптивното делување е сериозна закана за економскиот и за севкупниот развој на нашата Македонија.
Заев нагласи дека тој како премиер, но и сите претставници на локалната власт, како и претставниците од граѓанскиот сектор и од приватниот сектор, имаат одговорност да се справат со сериозните предизвици што корупцијата ги поставува.
„Корупцијата е закана за воспоставување на владеење на правото, а ние презедовме обврска дека во Македонија ќе владее правото. Затоа, мораме да дејствуваме одлучно и со нула толеранција кон корупцијата. Ве охрабрувам и вас, активно да се вклучите во oваа заедничка борба, преку пријавување на корупцијата и без страв од последици. Со ова јасно укажувам дека никој нема да биде изземен од одговорност“, вели Заев.