Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев на Сител: Цената на струјата ја држиме стабилна, а ако треба ќе имаме и ваучери за помош на домаќинствата

0
By Mirjana on October 25, 2021 ВЕСТИ, НАСЛОВНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 25, 2021 21:04
Треба да знаат граѓаните дека цената на струјата до крајот на годината останува иста и ако се менува во 2022 ние сме спремни директно со ваучери да помогнеме, кажа премиерот Зоран Заев во интервју за Сител телевизија. Тој додаде дека цената на струјата ја гарантира државата преку производствените капацитети на ЕСМ, па дури и да има 48,52 евра по мегават, таа ќе се испорачува за 36 евра и така ја држиме стабилна цената на струјата.
-Доколку е тоа потребно, подготвени се посебни пакети како ваучери за домаќинствата кои од економско-социјален аспект ќе ја компензираат евентуалната разлика во цената како инструменти за поддршка на граѓаните. Гледате четири години нема мрднато цената на струјата, за разлика од пред некои осум месеци, кога за 4 -5 пати е зголемена цената на меѓународните берзи. Така што граѓаните треба да бидат спокојни и воопшто да не стравуваат… Никој на сметката дома нема поместување на цената на струјата, ја добиваат истата, кажа Заев.
Тој истакна дека државата се откажала од ДДВ-то и тоа се некаде 20 милиони евра кои можеле да бидат приход во буџетот.
-За да може да им помогнеме на граѓаните, дополнително 18 – 19 милиони евра директно од буџетот вбризгуваме према ЕСМ за да може да држиме стабилна цена и така ќе продолжиме. Кај нас е гарантирана цената за домаќинствата, цената расте кај правните субјекти и кај јавните институции.За да може да гарантираме соодветни капацитети на продукција на струја и да може да се најдеме дури и на стопанството и јавните институции, донесовме одлука, неколку милијарди денари и е дадена насока од државата на ТЕЦ Неготино да се стави во погон и веќе се набавуваат понудите од мазут.
Дополнително Комората ја ангажиравме со големите потрошувачи, Фени, Бучим, големите компании, тие да произведат свои сопствени пари за сметка на тоа ќе добијат струја, но ќе го релаксираме притисокот од потреба за струја, тоа е еден нов капацитет од 100 мегавати кои го ставаме во функција. Дополнително прибираме понуди за третиот блок за РЕК Битола. РЕК Битола вообичаено работи со два блока, ретко со 1, сега го вклучуваме третиот блок, заклучи Заев.
Заев на Сител цена струја
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.