Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев на средба со Јункер на почетокот на декември

1
By Светлана Јовановска on November 24, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На почетокот на декември премиерот Зоран Заев во Брисел ќе се сретне со претседателот на Европската комисија (ЕК) Жан-Клод Јунер, дознава НОВА од владини извори.

Последната средба помеѓу македонски премиер и првиот човек на ЕК се одржа во декември помеѓу Никола Груевски и тогашниот шеф на Комисијата Хозе Мануел Баросо.

Во меѓувреме претходната влада се обидуваше на повеќе начини да се закаже средба со претседателот на ЕК.

Во февруари 2015 година беше закажана средба на Груевски и Јункер но само неколку дена по закажувањето, од кабинетот на Јункер стаса лошата вест до Груевски дека средбата се откажува. Неофицијалната причина беа “бомбите” на Заев кои ставаа на знаење дека вмровскиот премиер играл корупциски игри па не заслужува средба со првиот човек на ЕК.

Истата година во октомври стаса и веста дека Јункер побарал на миграцискиот самит помеѓу ЕУ и Балканот да дојде претседателот Ѓорге Иванов иако беше најавено дека на тој самит Македонија ќе ја претставува Груевски.

Владата на Груевски се обидуваше во повеќе наврати да закаже средба со Јункер но барањата останаа само пуста желба. Извори на НОВА вели дека партијата на Груевски се нудела добри пари на една позната бриселска лоби група која требала да закаже средба. Но, лоби групата јасно ставила на знаење дека со пари не се доаѓа до средба со шефот на Комисијата. Таа средба е бесплатна но за да се дојде до неа потребно е земјата да покаже успех на патот кон ЕУ.

Она што не му успеа на Груевски му успеа на Заев па така Јункер одлучи да го прими Заев за да покаже дека Македонија се враќа на бриселската агенда. Но само ако се направат неопходните реформи бидејќи Брисел одамна престана да им верува на ветувањата.

Реформите се шифра за вратите на ЕУ

Истовремено во Брисел денес беше презентирана и бугарската заложба да им помогне на Македонија и другите пет балкански држави на нивниот пат кон ЕУ.

Моника Панајотова

Заменик-министерката на бугарското претседателство со ЕУ Моника Панајотова изјави дека помеѓу приоритетите на Бугарија во првата половина на 2018 година е токму европската перспектива на Балканот. Заложба каква што Балканот очекува веќе цела деценија и која конечно добива контури.

Во февруари се очекува стратегијата на Европската комисија (ЕК) за Балканот, во април извештаите за напредокот на секоја од шесте балкански земји кон ЕУ а во мај самитот на Софија од којшто до Балканот треба да биде испратена не само пораката за ЕУ иднината на овие земји туку тоа да се поткрепи и со конкретни чекори, најави Панајотова.

Според извори блиски до бугарското претседателство, Софија се надева дека во мај би можел да биде фиксиран датум за старт на преговори за членство со Македонија и Албанија. Но повторно, сето тоа зависи од реформите и напредокот во спорот со Грција.

Пред извесно време Јункер изјави дека Србија и Црна Гора можат да станат членки на ЕУ до 2025 година но не ги спомена другите балкански кандидати. Извори во ЕУ велат дека Македонија треба да ги направи реформите според насоките на Итниот реформски извештај на Прибе и дека со самото тоа ќе влезе во стратегијата на ЕК рамо до рамо со Србија и Црна Гора, единствените две балкански земји што отворија преговори за членство.

Сепак, Панајотова денес преупреди дека очекувањата од бугарското претседателство треба да останат во границите на реалните можности. Улогата на Софија ќе биде да најде консензус со земјите членки на ЕУ за тој конкретен сигнал кон Балканот, но балканските земји не смеат да заборават дека реформите се нивна единствена шифра за отворање на вратите на ЕУ.

Панајотова потсети на зборовите на големата француска социјалистичка политичарка, Симон Вејл од нејзината автобиографија “Еден живот”, цитат и рецепт што сегашната ЕУ треба да го примени на Балканот:

“По Втората светска војна половина од европскиот континент живееше во слобода, а железната завеса падна на другата половина. Да бидеме искрени: ние ги искористивме предностите на оваа слобода, без многу да ни е грижа за тоа што се случува таму. Но, кога подоцна историјата ни даде можност за таа солидарност, за нас беше незамисливо да не ги отвориме вратите на ЕУ пред овие земји.”

На декемвриската агенда на Заев во Брисел се средби и со шефицата на ЕУ дипломатијата Федерика Могерини, првиот човек на Европскиот парламент Антонио Тајани и комесарот Јоханес Хан.

бугарско претседателство со ЕУ Европска комисија Жан-Клод Јункер Зоран Заев Моника Панајотова Никола Груевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.