Лидерот на СДСМ Зоран Заев попладнево имаше средба со албанскиот амбасадор Фатос Река кого го информираше за очекувањата на СДСМ за завршување на политичката криза.
На средбата, како што соопшти СДСМ, Заев изразил очекување дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на 29 декември ќе го врати мандатот и оти СДСМ ќе формира Влада.
“Очекуваме на 29 декември Никола Груевски да го врати мандатот и дека СДСМ е партијата што ќе формира Влада во Република Македонија”, рекол Заев.
Тој додал дека целта на СДСМ е да ги спроведе сите потребни реформи согласно извештаите на Прибе и на Европската комисија и да ги овозможи евроатлантските перспективи на Македонија.