Ќе поднесам оставка ако на референдумот има повеќе гласови „против“ од „за“, рече денеска премиерот Зоран Заев во интервју за 1тв.
Според него, добро е, не само за државата, туку и за ВМРО-ДПМНЕ да повика на излезност на референдумот, а граѓаните да се изјаснат по сопствена волја.
– Пред лидерите на политичките партии реков, ако сме за ЕУ и НАТО, ајде нашите партиски определби да ги ставиме на страна или во втор план, а државата да биде на прво место, истакна Заев, откако претходно информира дека на ВМРО-ДПМНЕ и поунудил да влезе во Владата за заедно да го „одработат“ референдумот, но опозициката партија одбила, останувајќи на барањето за амнестија.