Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Нашето знаме развиорено со НАТО знамињата, ја потврди нашата стратешка цел

0
By НОВА ТВ Balaban on September 8, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 8, 2021 20:56
Почитувани Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци… Почитувани Бугари, Хрвати, Црногорци, Грци, Словенци и сите други, Северна Македонија е земја на сонцето. Земја на светлината. Народот и поетите тука пееја дека секогаш со орелски крилја им се враќаат на Охрид и Струга, порача Заев. 
Свети најсилно овој свет празник. Свети од сите Македонци и Македонки кои ги вградија своите копнежи, своите стремежи, своето знаење и своите животи во создавањето, негувањето и развојот на нашата држава. Силно е осветлен 8 Септември и од сите неброени припадници на сите етнички заедници кои заедно со своите сограѓани, соседи и пријатели, ја споделуваа идејата и определбата за своја, наша, заедничка држава, истакна премиерот Зоран Заев на прославата на Денот на независноста.
Тој рече:
– Најсветол е затоа што пламенот за создавање на државност што Македонците и Македонките го носеа во себе го одржуваа жив со силна поддршка на Албанците, Турците, Србите, Власите, Ромите, Бошњаците и сите други. Силен и постојан е огнот кој постојано се храни од различните искри и пламени. Тој оган во душите на неброени генерации се разгоре од искрата на идејата дека самосвеста за јасната национална определеност треба да живее, да расте и да се развива во своја, сопствена држава, изјави Заев.
Според него, таа идеја низ вековите никој не можеше ни да ја сопре, ниту да ја сотре.
– Гинеа за неа илјадници наши претходници, прадедовци, дедовци, татковци и браќа, мајки и сестри, другарки и другари – и таа остана жива. Затоа што се чуваше во срцето, во душата и се хранеше од визијата за самостојна македонска држава, кажа Заев.
Тој порача дека сите ние денеска сме дел од вековно долгата низа граѓани, активисти, основоположници и патриоти кои ги вложија своите ангажмани и животи за каузата и правдата, за создавање на нашата држава.
– Сите кои придонесоа во изградбата на државата се патриоти и големци, втемелувачи на општествениот систем и на институциите, градители и чувари на демократијата, знаменосци на слободата, творци на мирот и стабилноста. Нашата историја е исполнета со историски личности кои даваат белег во идентитетот на тоа што сме денеска. Но нивната големина не била и останала само на нивните дела, во нивното време. Нивните дела и денеска се живи, а нивниот светол придонес во државотворниот процес е вграден и во периодот на осамостојувањето и градењето на независноста на нашата држава. Оваа плејада од достојни личности ни го даде најдоброто. Тоа за кое животот се посветува. Тоа за кое животот се дава. Тоа е преголем и прескапоцен дар, нагласи Заев.
Тој додаде дека македонскиот народ никогаш не водел освојувачки војни.
– Водеше и организираше отпор и револуционерни борби за национална слобода и правда за вековниот стремеж за своја држава. Водеше борба на интелектуалното поле, на културни натпревари и со аргументите на идејата за своја држава, за македонските работи, во македонските литературни кружоци. Визиите, идеите, мислите, мирољубието и великодушноста отсекогаш беа најсилните оружја на македонскиот народ здружен со своите браќа и другари од сите други народи од нашиот заеднички дом. И идејата остана да живее. Огнот на таа идеја никој не успеа да го запрета, иако од многу страни се обидоа да го направат тоа. И не требаше многу време да помине. Само неколку децении подоцна, кога државите од стариот континент и останатите сојузнички сили во Втората светска војна ја победија најголемата закана за човештвото – фашизмот, и кога од пепелот на воената пустош се издигнуваше нова Европа – тогаш идејата за македонска држава стана реалност – бидејќи идејата беше чиста, силна, пламенита, европска, светска, космополитска, потенцира Заев. -Во јубилејот 30 години независност е собрана нашата историја, нашите надежи, нашите сеќавања, нашите остварени стремежи. Сите ние денеска сме дел од вековно долгата низа граѓани, активисти, основоположници и патриоти кои ги вложија своите ангажмани и животи за каузата и правдата, за создавање на нашата држава – изјави премиерот.
Заев додаде:
– Сите кои придонесоа во изградбата на државата се патриоти и големци, втемелувачи на општествениот систем и на институциите, градители и чувари на демократијата, знаменосци на слободата, творци на мирот и стабилноста. Нашата историја е исполнета со историски личности кои даваат белег во идентитетот на тоа што сме денеска. Но нивната големина не била и останала само на нивните дела, во нивното време. Нивните дела и денеска се живи, а нивниот светол придонес во државотворниот процес е вграден и во периодот на осамостојувањето и градењето на независноста на нашата држава – порача премиерот.
Заев истакна дека македонската и европска иднина со повеќе надеж, благосостојба и просперитет за сите наши граѓани, ослободени од стравовите и предрасудите на минатото. Да си ги чуваме светите, историските, илинденските и слободарските моменти од минатото, да се ослободиме целосно од стравовите и мрачните сеќавања. Тоа го можеме, веќе покажавме дека знаеме како.
– Почитувани Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци… Почитувани Бугари, Хрвати, Црногорци, Грци, Словенци и сите други, Северна Македонија е земја на сонцето. Земја на светлината. Народот и поетите тука пееја дека секогаш со орелски крилја им се враќаат на Охрид и Струга, порача Заев на свечената програма за одбележување на 30-годишнината од независноста на државата. 

.

Денот на независноста Зоран Заев прославата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Банките доминираат на Македонската берза: Што открива тесниот пазар на капитал за економијата?

October 9, 2026

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026

52 животи згаснаа во два дена, меѓу жртвите пет деца – руски напади врз домови и автобуси во Украина

October 8, 2026

ЕУ не сака „нов Орбан“: Нови механизми за заштита на демократијата и владеењето на правото

October 7, 2026

Врсничко насилство – што покажуваат бројките?

October 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.