Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Не сум вмешан во случајот „Рекет“, објавете се што имате

0
By Нова ТВ on November 24, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нека се објави се во врска со Рекет, јас не сум вмешан. Сакаме ветинг и брзо продуцирање кадри за судството. Покачувањето на платите не е предизборен поткуп туку реален одраз на успешните политики на оваа влада. Прашањата со Грција и Бугарија ќе се решат низ договор. Ова се дел од поентите во неделното интервју за Радио Слободна Европа со премиерот Зоран Заев, кој наведе и дека не го прочитал сега веќе повлечениот закон со кој се ограничуваа правата на протести во земјата, пред да се усвои на влада и да влезе во собраниска процедура.

Веројатно сте свесни за големата разочараност кај граѓаните што промената на името не доведе до датум за преговори со ЕУ, дека правдата сè уште не заживеа до оној степен како што треба во една демократска држава, дека граѓаните гледаат како големите играчи не завршуваат во затвор, додека тие кубурат со извршители и едвај врзуваат крај со крај.

Јас сум свесен за слабостите на оваа влада, но и на самиот систем, затоа што не е сè влада, барем не сè што набројавте. Секако, разочарувањето е присутно кај сите граѓани, присутно е и кај мене, поради тоа што ЕУ не донесе одлука. Останува нашата надеж дека таа историска грешка ќе ја поправат. Дефинитивно, во правосудството граѓаните не ги добија очекувањата што ги имаат и затоа ние многу гласно зборуваме за она што ќе се случува во иднина во правосудството, затоа што правосудството не е под контрола на владата, на извршната власт. Ние ги донесовме законите, парламентот ги усвои, очекуваме многу работи во правосудството да се подобрат. Она што веќе е придобивка во судството е што имаме транспарентни процеси, имаме процеси во кои сите се еднакви пред законот и пред правдата што не беше случај пред 2,5 години за време на претходната власт, но секако тоа не е доволно. Знам дека се донесени неколку пресуди, неколку од нив се правосилни. Тоа сето не е доволно, но верувам дека во иднина ќе има уште повеќе конкретни пресуди.

На 3 декември е првото рочиште за случајот „Рекет“? Опозицијата тврди дека главата на октоподот сте вие. Може ли една таква операција да се случи без ваше знаење?

Не може да се случи без знаење на премиерот ако премиерот е автократ и ако има контрола врз сите процеси во државата. Таква работа веројатно немаше шанса да излезе на површина ако се случуваше во времето на Никола Груевски. Во таквите случаи обично врхушката на власта ќе ги собереше парите, но сега премиерот го пријавува случајот, јас самиот го пријавив случајот и тоа беше јасно кажано и од обвинителството и од сите. Испадна дека на крајот тоа што го слушаме од медиумите како разработуваат одредени материјали, дека Орце Камчев кој е вклучен во ваквиот случај на давањето поткуп, или како што некој вели рекетирањето, испаѓа дека тој давал сериозни донации за ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ е влезена во тежок криминал, и тоа на последните избори кога се конструирал самиот случај „Рекет“. Јас би сакал таков вид на истрага да се отвори до крај за да ги видам основите. Зоран Заев е пријавител на случајот, Зоран Заев не е под истрага, ако има што било поврзано со овој случај, сакам да биде обелоденето.

Повеќе во видеото

Зоран Заев интервју
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.